17 знаци дека веќе не сте во цутот на младоста

Забележувате дека ви се појавија брчки, дека имате по некое бело влакно во косата, слабо памтите, заспивате пред телевизор или на биро и веќе не сте вешти со технологијата?

prepoznavate-li-nekoi-17-znaci-deka-vekje-ne-ste-vo-cutot-na-mladosta-01.jpg

Со текот на годините избравте удобна облека и мирна вечер, наместо дотерување и излегување во дискотека. Не, не сте престарени, но веќе не сте ни во цутот на младоста.

Проверете во колку од овие тврдења ќе се препознаете:

1. Разговарате со другите за здравствени проблеми и ги споделувате своите

2. Заборавањето на нешта што се случиле вчера е секојдневно за вас

3. Можете да издржите без секс, но не можете да живеете без своите очила

4. Кога ви се јавуваат навечер околу 21 часот, пријателите ве прашуваат дали ве разбудиле

5. Имате сè почести болки во зглобовите

prepoznavate-li-nekoi-17-znaci-deka-vekje-ne-ste-vo-cutot-na-mladosta-02.jpg

6. Офкате кога ќе се наведнете

7. Често велите „Кога бев млад/а“ или „Во мое време...“

8. Не ги знаете моменталните најголеми музички хитови

9. Излегувате во кафулиња со тивка музика

10. Заборавате имиња

prepoznavate-li-nekoi-17-znaci-deka-vekje-ne-ste-vo-cutot-na-mladosta-03.jpg

11. Не ја разбирате културата на денешната младина

12. Иако владеевте со неа некогаш, технологијата денеска ви станува непозната територија

13. Внимавате на заштедата на струја и постојано гаснете светилки кои беспотребно горат

14. Почитувате сообраќајни правила, без отстапки

prepoznavate-li-nekoi-17-znaci-deka-vekje-ne-ste-vo-cutot-na-mladosta-04.jpg

15. Избирате да останете дома наместо да излезете во диско

16. Симнувањето вишок килограми станува тешка задача

17. Не се грижите каде вашиот партнер оди, сè додека не мора и вие да сте таму

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...
„На 6 години мајка ми ми кажа дека имам рак, ми даваше терапии и ми ја избричи косата – но ме лажела... „Мојот ’рак‘ беше потполна лага. Приказна измислена од мајка ми Тереза не само з...
„Го мразев животот во Дубаи – наместо да уживам, работев 80 часа неделно, за плата со која едвај пре... Натали од Англија се преселила во Дубаи на само 18 години, откако добила работа ...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...

Најчитани неделава