Која е тајната на долговечноста на жителите на јапонскиот остров Окинава?

Јапонскиот остров Окинава важи за место каде живеат најздравите и најдолговечните луѓе. Каде се крие нивната тајна?

koja-e-tajnata-na-dolgovechnosta-na-zhitelite-na-okinava-01.jpg

Според податоци од 2016 година, на островот живееле над 400 луѓе на возраст од над 100 години. Просечниот животен век на жена на Окинава е 86 години, а кај мажите 78 години. Старите Кинези го нарекувале овој остров „земја на бесмртноста“.

Пред сè, овие здрави луѓе можат да се заблагодарат на избалансираната исхрана. Во нивните оброци ќе пронајдете најразлични комбинации на ориз, риба и зеленчук, а помали количини месо.

Тие јадат многу тофу (сирење од соино млеко), карела (горчлива диња) и батат (сладок компир). Со овие намирници, тие успеваат да го заштитат своето тело од бројни болести, но и да внесуваат доволни количини на бета каротен и витамин А.

koja-e-tajnata-na-dolgovechnosta-na-zhitelite-na-okinava-02.jpg

Дневно јадат седум порции свежи овошје и зеленчук, во комбинација со житарици или со производи од соја. Неколкупати неделно јадат риба или морски плодови, а три до четири пати месечно, месо со друго потекло.

Меѓутоа, освен од храната, нивната долговечност е запишана и во генетскиот код. На Окинава живеат многу жители кои по секој стандард припаѓаат на возрасната генерација, но имаат виталност како на 30-годишници.

На пример, мајсторот во боречки вештини Уехара Сеикичи починал на 100-годишна возраст, а на 96 години успеал да победи млад 30-годишен боксер. Наби Кинџо била жителка на Окинава која на своја 105-годишна возраст успеала да се спаси од змија отровница и да ја убие со тепалка за муви.

Окинавците за себе велат дека на 70 години сè уште се деца, а на 80 се млади луѓе. Доколку смртта му се заканува на некој 90-годишен, тие ѝ велат: „Сега оди си и врати се кога ќе имам најмалку 100 години“.

Овие луѓе ретко страдаат од канцерогени заболувања, срцеви и мозочни удари, артериите и вените им се чисти и проодни, а нивоата на холестерол се на долна граница на нормалата.

Нивната храна е нискокалорична, но во исто време и богата со растителни масти и влакна, без вештачки подобрувачи на вкусот. Исто така, еден од клучните фактори е и физичката активност.

koja-e-tajnata-na-dolgovechnosta-na-zhitelite-na-okinava-03.jpg

Токму од Окинава потекнуваат и бројни боречки дисциплини и четири видови на карате стилови - три кои датираат од поодамнешните времиња (Гоџу рју, Мотобу рју и Шито рју) и еден од средината на 20-тиот век (Уечи рју).

Голем број жители на Окинава ги негуваат и тренираат овие стилови од најмлади години, па сè до смртта. Сите окинавски боречки вештини вклучуваат и изучување на техники за правилно дишење, поврзување со природата и постигнување на високо спиритуално ниво во животот.

Комбинацијата на здрава храна, боречки вештини и посветеност на хобијата резултира и со изненадувачки ниска стапка на депресија.

Она што ги загрижува повозрасните жители на островот е што младите генерации сè повеќе го прифаќаат „западњачкиот“ начин на живот.

Социјалните мрежи се сè поприсутни, како и американските синџири на ресторани за брза храна.

Останува да видиме дали традиционалниот начин на живот сепак ќе успее да го потисне влијанието на новото модерно време, во име на здравјето или пак, Окинава ќе стане само уште едно место каде жителите се соочуваат со кардиоваскуларни заболувања, прекумерна тежина и анксиозни и депресивни жители.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30...
Самоубиство, предозирање, убиство: Деца генијалци чии животи завршиле трагично Програмерскиот гениј Арон Шварц изврши самоубиство на само 26 години, додека ист...
Пар наместо дете посвоил возрасна жена со џуџест раст, која сакала да ги убие - Бизарниот случај на ... Кога маж и жена ја посвоиле Наталија Грејс во 2010-та, тие мислеле дека таа е 6-...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg