Позитивен став во 3 чекори

pozitiven-stav-vo-3-cekori-povekjeВеројатно познавате некој кој многу успешно се справува со секојдневните проблеми. Ужива во животот и за секој проблем наоѓа решение.

 

Понекогаш ви се чини дека овие луѓе едноставно се предодредени да им се случуваат позитивни работи.

Но, вистината е малку поинаква. Нивните животни околности не се ништо полесни од вашите. Она што им помага е позитивниот став.

Тоа не е нешто со кое се раѓате туку е вештина која може да се научи. Да се има позитивен став кон работата, студиите, приватниот живот и тоа како влијае на квалитетот на вашиот живот.

pozitiven-stav-vo-3-cekori

Чекор 1: Не се воздржувајте да дадете комплименти. Ако сте по природа песимиста за ова ќе ви биде потребно малку вежбање.

Пронајдете нешто што ви се допаѓа кај луѓето што ве окружуваат. Не морате да го кажете на глас, но ќе ве наведе во луѓето да го пронаоѓате доброто и позитивно да гледате на околината, пријателите, познаниците и колегите од работа.

Чекор 2: Окружете се со позитивни луѓе и нешта. “Секоја птица лета во своето јато“ – ако сакате да размислувате позитивно тоа ќе ви биде олеснето ако се движите во круг на позитивни луѓе.

Во таква околина учите едни од други. Лесно ќе се опуштите и ослободите од стресот.

Чекор 3: Комуницирајте на позитивен начин. Многу луѓе не сфаќаат колку негативно може да биде нешто што е изговорено со негативен став.

Речениците кои почнуваат со “Не можам...“, “Не сакам..“, “Нема..“..шират негативна енергија. За да ја смените својата состојба, започнете со промена на својот став!

Би можело да ве интересира:

Фотки кои покажуваат колку неверојатно (и уникатно) може да биде човечкото тело Личност родена без отпечатоци на прстите, девојче кое се родило со две бои на ко...
5 бивши кои со своето однесување како самите да ве тераат да ги „мразите“ „Имав бивша која измисли дека е бремена, ми покажуваше лажни слики од ултразвук,...
13 носталгични фотки кои ќе ве вратат во детството (време кога дури и светот мирисаше поинаку) „Со сопругот ненајавени отидовме кај свекрва ми. Беше време за ручек, па извади ...
16 забавни фотографии што ќе ве изненадат како снег среде лето „Сакав да се освежам со сладолед на плажа, си купив во еден макрте и кога го гри...
Алфред Нобел - динамит: Генијалци кои зажалиле за изумите што ги направиле славни Алфред Нобел е креаторот на Нобеловата награда, но и личноста што го измислила д...
Стигнаа и во Македонија: Која е приказната зад Labubu играчките, со кои сите се „опседнати“? Моментално, еден од најголемите трендови се Labubu играчките кои потекнуваат од ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg