Жените облекуваат градник на 4 различни начини, а секој од нив го открива нејзиниот карактер

На мажите доволно им е да ја набљудуваат жената како се облекува и без да ја анализираат нејзината психа. Но, некои потези при облекувањето може да го откријат карактерот на жената и нејзините навики.

Zenite-oblekuvaat-gradnik-na-4-razlicni-nacini-01.jpg

Говорот на телото и начинот на којшто правиме одредени работи, кажува за тоа какви сме како личности. Постојат четири типа на личности кај жените според начинот на којшто го облекуваат градникот.

Експертите за говор на телото објаснуваат дека работите коишто ги поседуваме и облеката којашто ја носиме, како и едноставните секојдневни активности, кажуваат многу за нашиот карактер.

Секој карактер има тенденција да ги прави работите на свој начин, дури и малите секојдневни задачи. Сè што се прави и начинот на којшто се прави, формира мислење кај другите луѓе за карактерот и нема причина облекувањето да не биде дел од тоа.

Каков карактер и навики имате според начинот на кој го облекувате градникот?

Закопчување и затегнување на градникот на грб

Тоа покажува дека жената е добра потпора во животот, склона е кон почитување на традициите и верна е на она што го работи. Промислена е, пријателски расположена и секогаш спремна да помогне.

За неа купувањето на нов градник е друштвено случување и најверојатно ќе бара помош за тоа од пријателките.

Закопчување од напред па вртење на градникот одзади

Таа е влијателна и честопати е добра мотивација за другите. Многу е харизматична и сака да прави нови работи, но има и склоност многу бргу да ѝ досадуваат работите.

Кога се работи за изборот на градник, таа најчесто бира посветли бои и детали што ќе направат да се чувствува посебно.

Градник кој се закопчува од напред кај градите

Ова е жена којашто не сака да губи време. Ја цени едноставноста, практичноста и работите со висок квалитет кои ќе траат подолго, бидејќи не сака да ги купува повторно. Склона е кон купување на брендирана роба, тоа секако важи и за градниците.

Закопчување на градникот со раце, па облекување преку глава

Таа е опседната со правила и ред. Така го облекува градникот бидејќи сака сè да направи како што треба уште од почеток. По природа е склона на анализирање. Не купува градник без точни мерки и стручна препорака. Најдобро се чувствува во спортски градник.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
9 работи што ги знаат само Јапонците, а ние не, и затоа се многу смирени Не прават работи со сила, веруваат дека сè се случува со причина и дека вистинск...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
10 фотки кои ќе ве збунат – доказ дека начинот на кој ги гледате работите многу менува За некои фотки ќе треба да погледнете двапати, а можеби и повеќепати за да сфати...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...

Најчитани неделава