8 особини кои ги наследуваме и не можеме да ги промениме

Некои нешта можеме да ги научиме и совладаме во текот на животот, но за други ни се потребни и природни таленти. Нашата ДНК содржи многу повеќе информации за нас отколку што можеме да замислиме.

8-osobini-koi-gi-nasleduvame-i-ne-mozheme-da-gi-promenime-01.jpg

Одредени карактерни особини постојат запишани во нашите гени. Ние не го наследуваме само физичкиот изглед од своите родители и роднини, туку и стравовите, одредени таленти и дел од способноста за снаоѓање.

Прочитајте што всушност сте наследиле од родителите, бабите, дедовците, па дури и подалечните роднини, а никогаш не би претпоставиле дека тоа е можно:

Фобии и стравови

Кога би се разгледувал човекот само како цицач, односно да се изземе интелектуалниот напредок, тогаш многу стравови лежат запишани во семејното стебло. Кај некои се поизразени, кај некои издржливи, а кај некои притаени.

На пример, може да се случи некој прадедо да се плашел од височина поради некоја траума, а вие да се плашите и без некоја посебна причина за тоа. Посттрауматскиот стрес прави молекуларни промени во врските во ДНК. Вашите необјасниви стравови веќе не изгледаат толку ирационално.

Екстровертноста

Отвореноста за дружење и комуникација не зависи само од вас, туку и од гените WSCD2 и PCDH15. Така, можете да заклучите дека за вашата екстровертност придонеле и социјализацијата, но и генетската предиспозиција.

Смислата за хумор

Некои луѓе можат да се трудат цел живот да бидат смешни, да знаат многу вицови наизуст и да се обидат да направат шега и да не им оди. Другите, пак, кои имаат кратки алели на генот 5-HTTLRP, имаат природна дарба за смисла за хумор, без разлика на возраста, полот и потеклото.

8-osobini-koi-gi-nasleduvame-i-ne-mozheme-da-gi-promenime-02.jpg

Подложност на стрес

Оваа особина се пренесува од родители на деца. Ако мајката била под стрес во времето пред бременоста, но и додека го носела бебето, такво ќе биде и нејзиното дете. Хроничниот стрес прави промени на хемиско ниво во организмот, а тоа се случува и со хромозомите.

Склоност кон зависности

Постои врска помеѓу зависноста од психотропни супстанци и генот D2, кој е допамински рецептор. Оние кај кои овој рецептор не работи доволно добро, се склони да земаат наркотична супстанца или која било друга која може да предизвика некаква зависност.

Способност да се наспијат за помалку саати

На некои луѓе им требаат 9-10 часа за да бидат добро наспани, а на други доволни им се и пет. Ова зависи од Тачеровиот ген кој е присутен кај луѓето кои лесно се одмараат дури и со четири часа сон.

Овој ген формално го носи името по Маргарет Тачер, но го имале и Томас Едисон, Никола Тесла и Исак Њутн.

8-osobini-koi-gi-nasleduvame-i-ne-mozheme-da-gi-promenime-03.jpg

Склоност кон штедење

Некои луѓе едноставно, генетски се склони да штедат. Овие луѓе поретко заболуваат од дијабетес и ретко имаат пороци. Благодарение на својата ДНК, тие можат да го контролираат своето однесување во кој било домен од животот.

Музикалност

Музичкиот талент не се стекнува преку формалното образование. Напротив, ако две деца близнаци, од кои едното има природен талент, а другото не, почнат да земаат заедно часови по некој инструмент, секогаш првото ќе покаже подобри резултати. Музичкиот талент лежи во нашите гени и доколку не постои, нема шанси да се научи.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Жените го имаат главниот збор, мажите го земаат нивното презимe: Интересни факти за племето Кхаси од... Мажот во куќата доаѓа како домазет, целиот имот останува на најмалата ќерка, а а...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg