7 начини како да спречите за избувнете кога сакате да врескате на сиот глас

Некои ситуации прават и крвта и мозокот да ви вријат од желба да избувнете и да се изнавикате на цел глас. Но, пред да го направите тоа, запрете и размислете.

7-nachini-kako-da-se-zashtitite-od-burni-i-preterani-reakcii-01.jpg

Сосема е нормално одредени ситуации да предизвикаат соодветни реакции и да ве преполнат емоции. Но, доколку реагирате непромислено, подоцна може да ви биде жал.

Самоконтролата е комплексна карактеристика што некои ја имаат природно, но други треба да ја вежбаат. Всушност, секогаш е подобро вашите реакции да бидат промислени, бидејќи ако избувнете, можете несакајќи да повредите некого.

1. Практикувајте го правилото на 10 секунди

Секогаш кога сте нервозни и вознемирени, избројте до 10, а ако треба избројте и од 10 до 1 наназад. На овој начин спречувате импулсивна реакција, која натаму може да доведе до загревање на конфликтот и продлабочување на проблемот.

2. Сменете ја перспективата

Во текот на тие 10 секунди имате доволно време да се ставите на местото на другиот. Не бидете слепи за другите точки на перцепција. Разгледајте ја ситуацијата од повеќе страни и одлучете како ќе реагирате.

7-nachini-kako-da-se-zashtitite-od-burni-i-preterani-reakcii-02.jpg

3. Помислете на последиците

Кога ситуацијата „врие“, обидете се да се смирите и да размислите какви последици би имале вашите постапки. Тоа може да спречи ваша претерана реакција и загревање на страстите.

4. Бидете малку емпатични

Не го проектирајте конфликтот врз себе, туку обидете се да имате разбирање за другата страна. Дали можеби имале лош ден? Можеби имаат некоја фрустрирачка семејна ситуација? Тоа ќе ви помогне да се смирите малку.

5. Дишете длабоко

Длабокото дишење ќе ви помогне да го разбиете целиот негативен полнеж и да ја распоредите енергијата правилно. Доволни се три до четири длабоки вдишувања и издишувања за кислородот да го избистри мозокот.

7-nachini-kako-da-se-zashtitite-od-burni-i-preterani-reakcii-03.jpg

6. Гледајте ја и „големата слика“

Барем на секунда отстапете од бурните реакции и помислете како овој конфликт ќе влијае врз иднината. Дали и за еден месец ќе се чувствувате исто или можеби ќе ви биде смешно? Временската перспектива може да биде многу корисна во самоконтролата.

7. Смислете си смирувачка мантра

Можете да научите нешто од филозофите или од авторите на книги за самопомош. На пример, замислете прекрасно место во кое имате сè што ви е потребно за среќа. Токму ова може да помогне да ја смирите сопствената реакција и да оставите впечаток на личност која секогаш е над емоциите.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 забавни ситуации во кои ќе се препознаете и себеси и своите колеги Постојат шефови кои секогаш ветуваат награда за екстра работа, а на крајот се пр...
9 ситуации кога треба да се справите со (непријатни) продавачи, низ илустрации Дали продавачи пробале да ве убедуваат дека нешто ви стои одлично само за да го ...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
„Вечерва Нова година ќе славам во пижами и (можеби) ќе заспијам пред полноќ“ „Нема да го пропуштам дочекот на Новата година, туку намерно ќе останам дома. За...
10 комични ситуации во кои може да се најдете кога пробувате да следите совети од интернет Во време кога сите имаме интернет, но и во време кога сите „делат совети“ кои „д...
Стаклена туш кабина во соба, ТВ над врата на тоалетот - 14 хотели кои како да сакаат намерно да ги и... „Моите родители престојуваа во хотел во кој требаше да добијат и појадок. Секое ...

Најчитани неделава