Сè што треба еден млад човек да знае пред да замине на студии во друг град

Додека едни студираат во градот каде живеат, други ја немаат таа среќа, или пак имаат многу поголеми амбиции и заминуваат во друг град или во странство.

se-shto-treba-eden-mlad-chovek da-znae-pred-da-zamine-na-studii-vo-drug-grad-01.jpg

Како и секој почеток, така и селењето од дома поради студии може да биде предизвик и за самиот студент и за неговото семејство. Но, не заборавајте на најважното - ова не е „збогум“, туку само „до скоро видување“.

Студирањето е само една нова етапа од животот која ќе ве формира и додефинира како личност, но и ќе ви даде многу можности за збогатување на вашиот живот со нови луѓе и искуства.

Што треба да знаете пред да заминете?

1. Во ред е да бидете нервозни

Нов (привремен) дом, нови луѓе, нови искуства. Но, вашиот дом секогаш ќе биде посебно место каде ќе се враќате кога и да посакате.

2. Зграпчете ги можностите

Некогаш студиите дозволуваат и да имате по некој хонорарен проект настрана или да работите на половина работно време. Препознајте ги шансите и не ги пропуштајте.

se-shto-treba-eden-mlad-chovek da-znae-pred-da-zamine-na-studii-vo-drug-grad-02.jpg

3. Бидете отворени за нови пријателства

Запознавајте нови луѓе, но не заборавајте и на старите пријатели. Направете простор за новите, наместо целосно да ги замените оние кои цел живот ви биле блиски.

4. Не секогаш ќе оди по планот

Иако имате точна замисла како ќе се одвива студентскиот живот, во реалноста не е секогаш така. Подгответе се и на тешки испити и на финансиски проблеми и не се обесхрабрувајте.

5. Возрасни сте, но во ред е да ви недостигаат родителите

Денеска барем е лесно, можете секој ден да се слушате или да се гледате преку видео-повици. И запомнете, нема ништо чудно во тоа да сакате да го чуете гласот на мајка ви или да се советувате со татко ви, без разлика колку години имате.

se-shto-edna-devojka-treba-da-znae-pred-da-zamine-na-studii-vo-drug-grad-03.jpg

6. Не заборавајте на грижата за себе

Имате обврски со учење и предавања, но и самите да си зготвите јадење или да ја исчистите собата. Сепак, тоа не значи дека треба да заборавите да се грижите за себе.

7. Ставете си ограничувања

Тоа што не сте дома не значи дека треба да се опуштите целосно. Контролирајте колку пари трошите и не се заборавајте со забавите и дружењата. Сепак, студиите се примарна цел зошто веќе не сте дома.

8. Проширете ги интересите

Само затоа што сте се определиле за одредени студии, не значи дека треба да заборавите и на слободните активности. Можете да студирате економија, а сè уште да читате добри книги, нели?

se-shto-edna-devojka-treba-da-znae-pred-da-zamine-na-studii-vo-drug-grad-02.jpg

9. Слушајте ја вашата омилена музика

Омилените песни се секогаш безбедна зона во која можете да се релаксирате и да соберете нови сили. Не потценувајте ја моќта на музиката што ја сакате.

10. Вие самите го создавате вашето студирање

Само затоа што на некој му било лесно или тешко, не значи дека и вашето искуство ќе биде такво. Доколку направите погрешен избор имате време веќе следната година да го промените тоа. Времето брзо минува за да дозволите да губите драгоцени години на нешто што не го сакате.

Е. Д. | Црнобело

Фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Трикови со кои ќе го заштите домот од кражби (кога не сте дома), според експерти за безбедност Ако живеете во куќа со двор, важно е да ги осветлите темните места во дворот бид...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...

Најчитани неделава