5 неизбежни „грешки“

5-qgreskiq-koi-mora-da-gi-napravite-povekjeНе за џабе има песна која вели: “Животот е некогаш сив, некогаш жолт.“ Секогаш се трудиме успешно да ги балансираме обврските, да одиме сосема добро...

 

...по “жица“, се контролираме што смееме, а што не смееме да направиме, а сепак правиме грешки.

Но, ако! Зошто да не? Па човечки е да се греши! Овие слатки грешки покажуваат дека во нас се уште чука весело и некомпјутеризирано срце.

Ова се некои работи кои не смеете да ги пропуштите затоа што ќе изнудат насмевка на вашето лице, ако не веднаш, со сигурност кога ќе се сетите што сте направиле.

5-qgreskiq-koi-mora-da-gi-napravite

1. Танцувајте на шанк, шипка во дискотека. Ослободете ја душата и телото. Ако се срамите напијте се неколку чашки и се ќе ви оди полесно. Заборавете на се и на сите – едноставно уживајте во моментот.

2. Кажете глупост на состанок. Веројатно не постои личност која не испуштила некаква бесмислица за време на состанок на работа. Затоа кога ќе ви се случи и вам овој момент, насмејте се и признајте ја грешката, затоа што срамот нема да го снема ако се правите дека не сте направиле лапсус.

3. Заљубете се во погрешна личност. Велат ако не искусиш болка врз себе никогаш нема да знаеш што бараш. Заљубете се, бидете оставени, исплачете се. Ќе бидете побогати за едно искуство плус. Ќе знаете какви грешки не треба да направите, што не барате од партнерот/ партнерката. Дозволете да бидете повредени. Ќе ви помине како на куче!

4. Пејте на караоке и покрај тоа што не сте талентирани. Изнавикајте се, правете сте дека сте тотален талент и направете си го меракот. За ваша душа ако ништо друго!  И да не се замарате дали некој ве видел или не!

5. Отидете на нудистичка плажа. И уживајте во друштвото. Фотографирајте се, дружете се, уживајте во поинаквата уникатна можност.

Што од оваа листа веќе имате направено? Споделете со нас во коментарите! ;-)

Би можело да ве интересира:

Како да познаете личности кои глумат дека се работливи, а всушност се многу мрзеливи? Луѓето кои се преправаат дека се вредни, често го користат перфекциони...
Поминала 6 часа на -20˚C и замрзнала, но била спасена: Како преживеала Џин Хилијард од Минесота? Во 1980-та, Џин Хилијард од Минесота замрзнала „како коцка мраз“ откако поминала...
8 (помалку очигледни) знаци дека имате висока емоционална интелигенција Имате емпатија кон другите, прифаќате критики, сигурни сте во себе, но внимавате...
Грција, Бали: Туристички дестинации кои се идеални за одмор, но не и за живот „Хаваите се убава дестинација и не е толку ужасно за живеење. Но, може да биде е...
10 навики на луѓето кои на сите ни одат на нерви (повеќе од што било) Без осет ставаат еден тон парфем што не е пријатен за носот на околината, тресат...
Проблеми со кои ќе се соочите ако ѝ раскинете на нарцисоидна личност (низ илустрации) Може да станат бесчувствителни, да пробаат да ве врата со манипулација и да ви с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg