Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


До пријателите со кои ќе остарам – Ви благодарам!

Постојат некои луѓе кои се со мене од почетокот и кои докажаа дека ќе бидат до крајот.

do-prijatelite-so-koi-kje-ostaram-vi-blagodaram-01.jpg

Ви благодарам што секогаш сте тука кога ми требате, што ме слушате несебично секогаш кога сакам да си симнам некој товар од градите , што ги собирате парчињата од мене, кога јас самата не можам да го сторам тоа.

Ви благодарам што секогаш сте искрени со мене, што ми кажувате кога грешам и што ме почитувате доволно за да ме предизвикате да бидам подобра, да направам подобро, да размислувам подобро.

Ви благодарам што ме разбирате и секогаш ми дозволувате да изразам што чувствувам. Ви благодарам што ме сакате дури и кога претерано реагирам на некои работи. Ви благодарам што ме сакате доволно за да побарате да излезам од мојата глава понекогаш.

Ви благодарам што ме туркате надвор од комфорната зона и ме терате да растам. Вие сте причината што искусив дел од работите кои ги искусив, од обични настани на кои бев срамежлива да појдам до работи кои ме заплашуваа да ги направам.  Работите никогаш не се толку страшни кога вие сте покрај мене и кога ми велите дека не смеам да пропуштам нешто, без разлика на изговорите што ги измислувам.

Ви благодарам што носите радост во мојот живот, што правите да се смеам дури и на грешките што ги правам и што правите да се чувствувам дека сум разбрана, дека на светов постои некој друг што ме сфаќа, кога поголемиот дел од луѓето не ме сфаќаат. Ви благодарам што одвојувате време за да ми кажете дека не сум сама во начинот на кој се чувствувам, размислувам, љубам.

Ви благодарам што ме мотивирате и охрабрувате да бидам подобра личност, што сте позитивната сила во мојот живот и чувствувам дека нема доволно зборови за да објаснам колку многу ми значи тоа.

Ви благодарам...

Извор

Би можело да ве интересира:

Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...
10 необични факти како луѓето ја одржувале хигиената во претходните векови Постојат докази дека уште Неандерталците користеле чепкалки за заби, но и дека в...
Морничавото убиство на Џани Версаче: Бил застрелан пред својот дом, до денес никој не знае зошто На само 50-годишна возраст, осовачот на Versace беше застрелан и убиен пред него...
Фрази кои ги користат мажите кога не сакаат да признаат дека грешат Мажите кои не признаваат дека не се во право, многу често ќе правдаат ...
6 совети за совршени Инстаграм фотки на плажа Кога е многу сончево, поради силната светлина не можете да ја добиете совршената...
14 парчиња накит кои би посакале да ги имаат дури и оние со многу пари и богатство „Знам, звучи бизарно, но приврзокот го направив од коската на моето куче, на кое...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg