9 факти за мозокот

9-fakti-za-mozokot-povekjeМозокот е најинтересниот дел од нашето тело. Неговата моќ е неограничена. Уште е поинтересно кога не работи онака како што ние сакаме.

 

Психологијата секогаш открива нови детали за работата на нашите мисли, па ова се неколку мозочни навики кои не сте знаеле дека ги имате:

9-fakti-za-mozokot

1. Краткорочно можеме максимално да запомниме 7 работи.  Постојат 3 видови меморија: сензорско, краткорочно и долгорочно помнење. Долгорочното е како хард дискот на компјутерот, а краткорочното би било силен мал РАМ. Меморијата на краток рок памти просечно 7 работи. За повеќе, се вклучува долгорочната меморија. (Сте забележале дека најголем број од телефонските броеви се со 7 бројки максимум?)

2. Највидлива боја е жолто-зелената. Таа природно е сместена во средина на фреквенцијата на видливото светло. Човековото око има рецептори за зелена, сина и црвена боја. Жолто-зелената бидејќи е сместена баш околу средината, станува видлива и воочлива. Токму затоа во некои земји  противпожарните возила се префарбани од црвени во жолто-зелени.

3. Вашата потсвест е попаметна од вас. Често потсвесно пронаоѓаме работи кои свесно не би ни текнале. Можеби затоа што кога сме свесни размислуваме за премногу работи од еднаш.

4. Постојат два нервни системи. Едниот ја контролира возбуденоста, а другиот препреките. Ако ја испружите раката, таа полека ќе се притресува. Тоа е последица на лесните разлики кои постојат во количината во која делуваат овие два нервни системи.

5. Мозокот е лош во погодување веројатност. Во овој експеримент луѓето се прашуваат кој одговор е најверојатен.

  • Маја има 31 година, не е мажена, искрена е и перспективна. Дипломирала филозофија. Како студентка се интересирала за дискриминацијата и социјалната правда, т.е. соработувала во борбата против нуклеарното оружје. Распоредете ги одговорите од најверојатен – до најмалку веројатен.

А) Маја работи во книжара и оди на јога
Б) Маја е активна феминистка
В) Маја е социјален работник
Г) Маја е член на Лигата на женски гласачи
Д) Маја работи во банка
Ѓ) Маја продава животно осигурување
Е) Маја работи во банка и е активна феминистка

Речиси 90% од анкетираните одговориле дека Е) е поверојатен одговор од Д), и покрај фактот што личноста може да биде активна феминистка и со самото тоа што работи во банка. Се чини дека нас работите ни се поверојатни ако ги има повеќе.

6. Помнењето и не ни е баш најдобро. Многу е веројатно дека ќе ги заборавиме настаните од минатото или ќе измислуваме работи кои воопшто не се случиле.

7. Длабочината е воочлива само со едно око. Перцепцијата за длабочината во целот не е точна. Подобро се забележуваат работите во длабочина кога гледаме со едно око.

8. Долгорочното памтење се гаси додека спиеме. Од истата причина најчесто не помниме што сме сонувале, односно соништата брзо се забораваат.

9. Мозокот има добра плеј-бек функција. Ова е т.н. сензорско помнење. Она што го гледаме и слушаме, а се случува во наша близина, но во моментот не се концентрираме н а него, може повторно да се појави во главата за неколку секунди подоцна од случувањето.

Пример е кога не слушаме дека некој го вика нашето име, па ќе ни светне подоцна. Затоа ако нешто кажете, а личноста ве праша да повторите, почекајте секунда, веројатно и сама ќе се сети што сте кажале.

Би можело да ве интересира:

7 вежби со кои ќе ги намалите брчките на лицето и ќе изгледате помладо Зајакнете ги мускулите на лицето со кревање лажица: Меѓу усните ставете лаж...
22 прашања со кои интимно ќе се поврзете со некоја личност (партнер или пријател) Колку често кажувате „извини“? А, за што најмногу жалите во животот? Постојат пр...
8 секојдневни работи кои ни го празнат паричникот (а за нив има поевтина замена) Салата пакувана во кесичка, памук за чистење шминка, облека за специјални пригод...
Идеи за едноставни детски костими за Halloween (фото) Пчелка, дух, вештерка – едноставни детски костими за Ноќта на вештерките кои со ...
Чанти, патики, џојстик – Како да препознаете евтини копии од оригинали? Како да препознаете оригинал патики од копии? На што треба да внимавате кога куп...
Стари македонски имиња за девојчиња со убаво значење Трендовите се менуваат од година во година, но многумина се прашуваат - каде исч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg