Пет работи кои можете да ги направите за безбедноста на вашето куче

Научно е докажано дека кучињата се извор на позитивна енергија во домот. Покрај радоста која ја носат со себе, домашните миленици се и голема одговорност, посебно ако се темпераменти и сакаат да ја истражуваат околината, па често се губат или бегаат од дома.

pet-raboti-koi-mozete-da-gi-napravite-za-bezbednosta-na-vaseto-kuce.jpg

Во вакви ситуации мора да бидате внимателни, да направите се што можете за да го намалите  ризикот вашето милениче да се изгуби, но и да го намалите стресот и стравот низ кое поминува во вакви ситуации.

Ви даваме пет практични совети како да го заштитите вашето милениче, но и себе си од стресни ситуации.

1. Соодветно ланче.

Доколку вашиот миленик од мал не е научен да шета сам без ланче и да се движи блиску до вас, потребно е да му обезбедите ланче кое ќе биде соодветно и ќе одговара на неговите потреби. Важно е ланчето да му овозможи лесно и слободно движење, да одговара на неговата големина и тежина. Задолжително од време на време проверувајте ја цврстината на ланчето колку е истрошено и на време набавете си ново доколку е потребно.

2. Размислувајте превентивно.

Доколку дојде до непријатна ситуација и вашиот миленик се изгуби, направете се што е во ваша моќ побрзо да го најдете. Доколку е пронајдено од случаен минувач помогнете му полесно да ве пронајде, односно задолжително чипувајте го и на ременчето закачете ги вашите информации, адреса и мобилен.

3. Чувството дома и надвор од дома.

Во период на патувања или промена на локација, природно е вашето куче да проба да се „врати дома“, односно да избега и да се изгуби во непозната средина. Во ваков случај искористете стари играчки, ќебиња, дури и стари предмети кои мирисаат на вас и на вашиот дом со цел да им помогнете да се чувствуваат поудобно и посигурно во новата околина.

4. Реагирајте брзо.

За да го намачите ризикот набавете си специјално дизајниран паметен уред кој ќе го закачите на ременчето на вашиот миленик. Ваквите уреди овозможуваат преку мобилна апликација постојано да ја следите локацијата на вашето куче и да добивате известување доколку тоа излезе од домот или од местото кое вие предходно сте го обележале како сигурна зона. Уредите се едноставни за ракување а вие ќе знаете каде е вашето милениче.

5. Грмотевици и огномет.

Гласните и неочекувани звуци од непознато потекло можат да бидат многу страшни за вашето куче, особено ако се пропратени со мирис и светлина. Во вакви, за кучето страшни и стресни ситуации тоа може да избега или да се сокрие. За да го намалите стресот, но и ризикот од непријатни ситуации навкнете го кучето на гласни звуци, односно пред игра, прошетка или пред било која ситуација која за кучето е пријатна пуштете му звук на огномет. Од време на време зголемувајте ја јачината на звукот, се со цел вашето куче да се навикне на вакви ситуации и лесно да го преброди стресот од истите доколку е само дома.

Би можело да ве интересира:

Трикови со кои ќе го заштите домот од кражби (кога не сте дома), според експерти за безбедност Ако живеете во куќа со двор, важно е да ги осветлите темните места во дворот бид...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...

Најчитани неделава