Момче си направи своја верзија на чеканот на Тор – и само тој може да го крене

Ален Пан е млад изумител којшто направи своја реплика на чеканот на Тор. 

Momce-si-svoja-negova-verzija-na-cekanot-na-Tor-01.jpg

Тој со помош на модерната технологија и својата снаодливост направи чекан којшто може само тој да го подигне од земјата, исто како Тор. Или да бидеме попрецизни, може само тој да го подигне од метална подлога на која стои чеканот.

Ален сфатил дека за да може чеканот да „одбере“ на кого ќе му дозволи да го подигне, мора да има некој начин да препознае кој го подига, односно кој ја фаќа рачката. 

Затоа рачката од чеканот ја поврзал со сензор за допир, којшто активира голем електромагнет изваден од микробранова печка, којшто се напојува со помош на 4 батерии од по 12 волти. Така, кога ќе се допре рачката се активира магнетот и истиот се лепи за металната подлога и станува невозможно да се подигне.

Но, како Ален направи само тој да може да го подигне чеканот? Лесно, во рачката вметна скенер за отпечаток на прст, каков што има скоро секој модерен мобилен и тој скенер го намести да го чита само неговиот отпечаток.

Митот за магичниот чекан на Тор, наеднаш стана реалност, со помош на технологијата. 

Погледнете го изумот на Ален:

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Ги шпионирал нацистите во Втора светска војна: Кој е Србинот што е инспирација за Џејмс Бонд? Душан или Душко Попов бил таен агент за време на Втората светска војна. Нацистит...
„Ме нападна ајкула во плитка вода, ми ги одгриза дланката и ногата – маж ѝ удри бокс за да ме спаси“ „Бев во шок. Мојот мозок знаеше дека нешто се случува, но телото не ми реагираше...
„До 26 години се разведов 3 пати – повторно ќе се мажам, но никој не верува дека ќе издржам долго“ „Првпат се венчав на 19 години и навистина не знаев што значи бракот. Сите ми ка...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
11 чудни и (скоро) неупотребливи дизајни, што ќе ве насмеат Кревет закачен на ѕидот, прекинувач за фен во бањата „скриен“ скоро на таванот в...

Најчитани неделава