Најважните лекции кои мора да ги прочитаат оние кои се постојано под стрес

Доколку во вашиот речник стресот, брзањето, стравот, нервозата и уморот се чести зборови, време е да направите нешто повеќе од само длабоко дишење.

najvazhnite-lekcii-koi-mora-da-gi-prochitaat-onie-koi-se-postojano-pod-stres-01.jpg

Од будење, па до заспивање, денот е полн со акција. Најпрво треба да се облечете, да се обидете да не го истурите кафето по облеката, но и да внимавате да не се сопнете по пат.

Но, секогаш се случува нешто што ќе ви го наруши планот - ги заборавате клучевите од автомобилот, тргнувате без паричникот, не си земате палто, па се враќате, брзате, но доцните...

А, откако ќе почне работниот ден, веќе ви е премногу и од себе и од другите. Доколку ова ви е познато, потребно е да запрете, да дишете, но и да го промените начинот на размислување.

Затоа, обидете се да ги примените овие три совети:

1. Посветете се само на едно нешто

Целото внимание треба да биде посветено на задачата која ја извршувате во моментот, било да миете заби, варите кафе или правите нешто на работа.

Запишете ги своите обврски на список и за секоја дајте доволно време да ја завршите, без да ви биде одвлечено вниманието од други нешта.

najvazhnite-lekcii-koi-mora-da-gi-prochitaat-onie-koi-se-postojano-pod-stres-02.jpg

2. Ослободете се од идеализирањето

Освен работата, причини за стресот може да бидат и семејните проблеми или пак, нарушените пријателски односи. Но, причина за стрес е и стравот од неуспех, помислата дека не сте доволно добри и дека никогаш нема да можете да ги постигнете своите цели.

За да си помогнете, треба да престанете со идеализирање, пред сè на себе, а после и на светот околу вас. Гледајте ја реалната слика и своите реални можности.

najvazhnite-lekcii-koi-mora-da-gi-prochitaat-onie-koi-se-postojano-pod-stres-03.jpg

3. Прифатете ги другите со насмевка

Сигурно во текот на денот се соочувате со најмалку една личност која не ви се допаѓа, ве нервира или ве провоцира.

Наместо да паднете на тоа, насмевнете сè и не ѝ обрнувајте внимание. На тој начин ќе ѝ го намалите задоволството што го има кога ве нервира, а и вие ќе бидете доста помирни.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Безбедносни совети за жени од поранешен ФБИ агент - Има трик и со копчето од лифотот „Кога се чекирате во хотел, штитете го вашиот личен простор како на банкомат. Ре...
14 катастрофални онлајн нарачки, што ќе почнете да се смеете од мака „Порачав патики и кога стигнаа, сфатив дека двете се леви“ - сте добиле ли и вие...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
„Ме нападна ајкула во плитка вода, ми ги одгриза дланката и ногата – маж ѝ удри бокс за да ме спаси“ „Бев во шок. Мојот мозок знаеше дека нешто се случува, но телото не ми реагираше...
8 работи што некогаш беа норма, но денес ги гледаме како луксуз, низ илустрации Апаратите во домот траеја цела вечност и некои постари лица уште си ги користат ...

Најчитани неделава