5 работи кои треба да ги извадите од паричникот

Сите го знаеме она мини застанување на срцето кога не можеме да си го пронајдеме паричникот.

5-raboti-koi-treba-da-gi-izvadite-od-paricnikot-001.jpg

Стравот станува уште поголем и постресен кога има голема можност да завршил во рацете на погрешна личност.

За да не бидете мета на крадци, а и да се заштитите од несакани стресови во животот, избегнувајте да ги носите овие 5 работи во паричникот:

1. Лична документација

Избегнувајте било каква документација која го содржи вашиот матичен број, бидејќи тој е сосема доволен за да се изврши било каква кражба. Ако е возможно, целата лична документација чувајте ја во посебна папка.

5-raboti-koi-treba-da-gi-izvadite-od-paricnikot-1.jpg

2. Фискални сметки и сметки од наплата со картичка

Било која потврда за трансакција извршена со картичка исто така е опасна информација, доколку се најде во погрешни раце. Затоа, сметките кои не ви требаат фрлете ги веднаш, а оние кои ви се потребни „за секој случај“, чувајте ги дома, одвоено од картичките.

5-raboti-koi-treba-da-gi-izvadite-od-paricnikot-2.jpg

3. Повеќето платежни картички

Да ги чувате сите платежни картички на едно место е ризична одлука, посебно ако се бесконтактни или незаштитени со пин до одредена сума.

Бидете разумни и со себе носете само една картичка која тој ден или таа недела ви е неопходна.

Исто така, покријте го CVV кодот со лепенка.

5-raboti-koi-treba-da-gi-izvadite-od-paricnikot-3.jpg

4. УСБ со лични документи и податоци

Избегнувајте да носите полно УСБ во паричникот, посебно ако имате документи од работа или било какви податоци кои може да ви ја загрозат работата или приватноста.

5-raboti-koi-treba-da-gi-izvadite-od-paricnikot-4.jpg

5. Презервативи

Верувале или не, повеќето млади лица контрацепцијата ја чуваат токму во паричникот. На овој начин ја изложуваат на топлина и можни оштетувања, кои влијаат на квалитетот на заштитата.

5-raboti-koi-treba-da-gi-izvadite-od-paricnikot-5.jpg

Бонус: Што да носите во паричникот?

Навиката на носење слика од саканите во паричникот можеби изгледа смешна и старинска, но се верува дека помага.

Во 2009-та година истражувањата покажале дека поголем процент од изгубените паричници кои биле среќно вратени кај сопственикот, имале слика од сакана личност.

Во 88% од случаите тоа било слика од дете, во 53% слика од миленикот, а во 44% од случаите било слика од некој член на семејството.

Изгледа дека емотивноста и емпатијата ги тера луѓето на добри дела.

5-raboti-koi-treba-da-gi-izvadite-od-paricnikot-6.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
5 работи кои често ги купуваме, а кои (реално) не ни се потребни Денес се многу популарни справите за вежбање кои се користат дома. Ги гледа...
Непријатни промени што мора да ги направите во 20-тите години ако сакате исполнет живот Сите се свесни дека ако сакат да си го подобрат животот, мора да направат некои ...
Кул трикови што ќе ви се најдат кога престојувате хотел Испеглајте ја облеката со пареа во бањата, а доколку треба да исперете нешто во ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg