15 работи кои луѓето со анксиозност сакаат нивните пријатели да ги знаат

Доколку имате познаници кои патат од анксиозност, сигурно имате многу нејасни прашања и сте искусиле непријатни или стресни ситуации.

15-raboti-koi-lugjeto-so-anksioznost-sakaat-nivnite-prijateli-da-gi-znaat-01.jpg

Многу работи во односот може да ве збунуваат и да не разбирате зошто одбиваат да е дружат, ве игнорираат и слично.

Тие веројатно не се отвараат пред другите за тоа, но има некои работи кои посакуваат нивните блиски да ги знаат, иако не ги изговараат.

Што треба да знаете за луѓето со анксиозност:

1. Без разлика што им предизвикува анксиозност и дали тоа на вас ви изгледа ирационално, за нив тоа е многу реално.

2. Анксиозноста може да се случи во секој момент, а кога ќе се појави, потребно им е само едно нешто – поддршка.

3. Не ве откачуваат. Тешко е да прават планови, а зборувањето на телефон им е еднакво тешко понекогаш. Тоа не значи дека не сакаат да поминат време со вас, едноставно не можат.

4. Бидете трпеливи со нив, анксиозноста не секогаш личи на паничен напад. Некогаш доаѓа во форма на лутина, што изгледа фрустрирачки.

5. Не ги сфаќајте лично испадите на фрустрација и бес – не се за вас.

6. Кога се тивки, не се секогаш тажни, изморени или им е здодевно. Некогаш, се случуваат многу повеќе работи во нивниот ум со кои е тешко да се соочат истовремено.

7. Жал им е за сите одбиени покани, ирационални однесувања и навредливи работи кои ги кажале кога биле исплашени или им било смачено. Жал им е што нивната анксиозност ве повредува и вас.

8. Дури и ако постојано се изолираат, не се откажувајте од нив. Им треба да знаат дека уште се грижите за нив и сакате да ги видите.

9. Анксиозноста прави постојано да анализираат и испитуваат сè, а тоа е многу напорно.

10. Ако им е непријатно да прават нешто, откажете се и не ги терајте бидејќи тоа може да ја влоши анксиозноста.

11. Последната работа која сакаат да ја слушнат е „надмини го тоа“ или „смешен/а си“.

12. Кога ќе ви кажат дека ги достигнале границите и не можат да издржат повеќе, навистина го мислат тоа. Почитувајте ги и дајте им простор.

13. Тие не сакаат да се обидувате да им ги поправите проблемите со анксиозноста. Само сакаат да ги сакате, бидејќи на крајот на денот, несовршеностите ги прават луѓето посебни.

14. Кога ќе ви кажат дека не можат да направат нешто, тие се оние кои се чувствуваат најразочарано.

15. Понекогаш, само сакаат да бидат сами. Анксиозноста не е нешто што може да се надмине со една забавна активност во денот.  

М. М. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

9 работи што ги знаат само Јапонците, а ние не, и затоа се многу смирени Не прават работи со сила, веруваат дека сè се случува со причина и дека вистинск...
18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
Силувале девојчиња, ги убедувале родителите дека се „благословени“ од Исус: Мрачните тајни на сектат... Иако лидерот е зад решетки за силување деца, следбениците на сектата La Luz del ...

Најчитани неделава