Не кажувајте ги гласно: Три реченици со кои привлекувате негативна енергија

Ако не можете целосно да го искажете својот потенцијал, а сте ги решиле сите надворешни пречки, тогаш време е да побарате каде самите грешите.

ne-kazhuvajte-gi-glasno-tri-rechenici-so-koi-privlekuvate-negativna-energija-01.jpg

Многу е веројатно дека бариерите си ги поставувате несвесно, со зборовите и речениците кои ги кажувате.

Проверете дали следниве три реченици ги кажувате често. Токму тие се причина зошто сте опкружени со негативна енергија и блокирање на потенцијалите. Обрнете внимание и пробајте да се ослободите од нив.

„Не знам“

Оваа реченица ја кажувате автоматски, без воопшто да обрнете внимание на суштината. Најлесно е да одговорите со  „не знам“ секогаш кога немате намера да го вклучите мозокот или пак, за да избегнете некое прашање.

Вистината е дека секогаш знаете, а и дека дури и да не знаете во прв момент, лесно ќе се сетите само ако размислите. Доколку се случи нешто навистина да не знаете, тогаш заинтересирајте се за тоа.

„Не сум подготвен/а“

Ова најчесто е изговор на нашето его, кое се плаши да излезе од удобноста на комфорната зона. Затоа, ако повторно дојдете во искушение да се оправдате дека за нешто не сте подготвени, сетете се дека пропуштате важна шанса да го подобрите својот живот.

ne-kazhuvajte-gi-glasno-tri-rechenici-so-koi-privlekuvate-negativna-energija-03.jpg

„Не можам да го направам тоа“

Оваа реченица целосно го блокира вашиот потенцијал и можностите и талентите за кои можеби не сте ни свесни дека ги имате. Знајте дека секогаш можете да направите сè, а разликите се само во тоа колку труд можете и сакате да вложите.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...

Најчитани неделава