Антисоцијално нарушување на личноста и како да го препознаете?

Спектарот на нарушувања на личноста е многу широк, а секое од нив има свое официјално име и клинички опис. Денеска зборуваме за антисоцијалното нарушување на личноста.

antisocijalno-narushuvanje-na-lichnosta-i-kako-da-go-prepoznaete-02.jpg

Она што е карактеристично за овие лица е дека тие не се интровертни и срамежливи, туку се однесуваат спротивно на непишаниот општествен кодекс, на кој нè учат во текот на воспитниот процес.

Во случајот на антисоцијалното нарушување на личноста се забележуваат неколку шеми на антисоцијално, па дури и опасно однесување кон други живи суштества.

Но, како да препознаете и разграничите?

Тие наговараат луѓе да го следат нивното однесување

Овие личности се манипулативни, најчесто во деструктивна насока. Умеат да ги убедат своите пријатели да им прават друштво во нивните ризични активности, бидејќи им треба поддршка од некого.

Лажат, лажат и само лажат

Кога влегуваат во конфликт, влегуваат и во маѓепсан круг на лаги, кои во нивната глава звучат како вистина. Но, за среќа, тие лаги се толку очигледни, што лесно ќе ја сфатите целта извлекување од конфликтот.

antisocijalno-narushuvanje-na-lichnosta-i-kako-da-go-prepoznaete-03.jpg

Кај нив не постои емпатија

За нив е сосема нормално да не чувствуваат емпатија и сочувствителност, бидејќи во спротивно не би можеле да бидат манипулативни. Крајна цел сепак им е личното задоволство, по можност со префрлена вина врз некој друг.

Никогаш не ги гледаат нештата од други перспективи

Накратко кажано, секоја нивна акција е смислена да им донесе каков-таков бенефит само нив. Никогаш не би помислиле дека тоа може да повреди некого.

antisocijalno-narushuvanje-na-lichnosta-i-kako-da-go-prepoznaete-04.jpg

Полесно се лутат за ситници

Иако се трудат да бидат шармантни, овие луѓе лесно може да избувнат поради ситници, па дури и да бидат агресивни и бесни, а во крајна линија да повредат некого или да се самповредуваат.

Тие не се менуваат

Карактеристиките на лицата со антисоцијално нарушување на личноста може да бидат посмирени или поизразени, но ретко може да исчезнат. Кај нив се препознатливи клинички симптоми како анксиозност, компулсивност и невротичност. Некогаш успеваат да ги контролираат, но многу почесто не.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
Модерни бонтон правила: 9 работи што не треба да ги кажете преку порака Ако озборувате некого преку порака, без разлика дали на Фејсбук, Инстаграм или д...
„Се родив во култ – на 14 години ме натераа да се венчам со братучед, но избегав и помогнав да се фа... „На 14-годишна возраст бев присилена да се венчам со мојот братучед. И покрај це...
12 докази дека бабите во минатото имале „златни раце“ (фото) „Баба ми ја направи куклава, од порцеланот, преку фустанот, до чадорот“ „Баба...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...

Најчитани неделава