Ужасни навики кои прават да си го одложувате животот за „еден ден“
„Ќе бидам среќен кога ќе се преселам во Германија“, „Ќе бидам среќна кога ќе се омажам“ – СТОП за овие мисли. Животот е сега.

Не знам за вас, но јас се повеќе запознавам луѓе кои не живеат во моментот, туку чекаат да дојде еден убав ден и да бидат среќни.
Не сфаќаат дека животот не е дестинација, туку патување и треба да бидеме среќни во секој миг од истото. Затоа што тој „еден ден“ може и никогаш нема да дојде.
Навики кои прават да си го одложувате животот за подоцна:
Ги одложувате важните работи, па така патувањата, преселбите и одењето на фитнес ги оставате за „еден ден“.

Сте имале неуспешна ситуација и постојано се преиспитувате каде згрешивте. Доста трошевте енергија, продолжете понатаму.

Постојано планирате до последен детаљ и на крај кога една ситница нема да се оствари вриете од нервоза.

Правите повеќе работи едновремено и на крајот не сте ефикасни на ниту едно поле.

Се споредувате со другите и тажни сте затоа што секогаш има некој подобар, поубав и поуспешен од вас.

Среќата ја гледате во конкретна ситуација во иднината, па така ја одложувате среќата за кога ќе купите автомобил или ќе стапите во брак.

Се опседнувате со банални работи, како бирање на стајлинг за излегување 3 часа.

С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението)
Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
„Го мразев животот во Дубаи – наместо да уживам, работев 80 часа неделно, за плата со која едвај пре...
Натали од Англија се преселила во Дубаи на само 18 години, откако добила работа ...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни)
Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
„Бев во брак со мафијаш – живеев во раскош, но тој си доаѓаше дома со крв на чевлите и тела во багаж...
„Парите, начинот на живот, накитот … сето тоа изгледа многу гламурозно. Но, не е...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)?
„Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
9 реални илустрации колку се менува животот на жените кога имаат 20 vs. 40 години
Со годините доаѓа и способноста за поставување граници во комуникацијата со коле...