Како да го преживеете денот по непроспаната ноќ?

Непроспаните ноќи можат фатално да влијаат врз продуктивноста и когнитивните способности следниот ден. Но, сепак мора да го преживеете тој ден.

kako-da-go-prezhiveete-denot-po-neprospanata-nokj-01.jpg

Без разлика која и да била причината поради која не сте спиеле, треба да бидете мудри и да го надитрите сопственото тело, сè со цел да го издржи напорот.

Секако, колку и да сакате да се вратите под ќебето, земете кафе и не мислете на тоа дека не сте спиеле.

1. Променете ја перцепцијата

Почнете од тоа што ќе се убедите себе дека сте способни да го преживеете денот, наместо да се жалите колку ви се спие. Обидете се со позитивна мисла и ќе заборавите на уморот.

Не дозволувајте ненаспаноста да ви ја „убие“ продуктивноста, барем до крајот на денот кога од вас се бара да бидете присутни и способни.

kako-da-go-prezhiveete-denot-po-neprospanata-nokj-02.jpg

2. Држете се до зацртаниот план

Не отстапувајте од своите рутини. Ако вообичаено прво пиете кафе, па проверувате мејлови, направете го тоа и сега.

Доколку го смените вообичаениот ред на нештата, дополнително ќе го збуните веќе „вознемиреното“ тело.

3. Изедете здрав појадок

Наместо бурек или сендвич, одберете салата, омлет или тестенини со зеленчук. Потребна ви е енергија за да можете да компензирате за изгубениот сон. Никако не посегнувајте по енергетски житарици или спортски пијалаци, бидејќи нивниот ефект е краткотраен.

kako-da-go-prezhiveete-denot-po-neprospanata-nokj-03.jpg

4. Пијте доволно вода

Уморното тело побрзо ги троши резервите на вода и ве прави да се чувствувате дехидрирано. Освен што ќе пиете вода, потребно е да внесете и овошје или зеленчук богати со вода.

Избегнувајте газирани сокови или солени супи, а испијте ја количината кафе која ја пиете и вообичаено.

5. Вратете го редот во спиењето

Откако го завршивте делот со продуктивноста, немојте веднаш да си легнете да спиете. Почекајте да дојде вечер, за да си легнете. Доколку спиете попладнето, повторно ќе го нарушите циклусот на спиење и ќе влезете во т.н. маѓепсан круг. Издржете, веќе од следниот ден ќе биде подобро.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...
„Го мразев животот во Дубаи – наместо да уживам, работев 80 часа неделно, за плата со која едвај пре... Натали од Англија се преселила во Дубаи на само 18 години, откако добила работа ...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...

Најчитани неделава