Разочарувачки лаги за простувањето кои спречуваат да закрепнете

Многумина од нас се учени дека со простувањето си помагаме себе и покажуваме дека сме зрела и возрасна личност. Всушност, тоа дополнително може да предизвика горчина во душата на оној кој простува.

razocharuvachki-lagi-za-prostuvanjeto-koi-sprechuvaat-da-zakrepnete-01.jpg

Простувањето како концепт не е лесно да се научи, прифати и примени. Некои тоа го учат цел живот.

Но, единствено сигурно простување кое треба да го научите е простувањето на себе.

Ова се неколку најчести лаги и клишеа на кои нè учат уште од најмлада возраст, а од кои секој треба да се ослободи:

Со простувањето му правиш услуга на оној кој те повредил

Сосема е погрешно простувањето да се поистоветува со услуга. Тоа што некој згрешил и се извинил не ја намалува штетата, па нема ни зошто да му се прави услуга. Затоа, на тоа треба да гледате на малку поинаков начин.

razocharuvachki-lagi-za-prostuvanjeto-koi-sprechuvaat-da-zakrepnete-02.jpg

Простувањето е за другата личност

Ако сте решиле да простите, тогаш другата личност е најмалку важна во целиот тој процес. За навистина да ви олесни, треба целосно да прифатите дека тоа го правите за себе, дури и ако вашето срце бавно се помирува со тоа.

Простувањето значи дека сте добра личност

Простувањето никого нема да направи да биде подобар од тоа што е, ниту пак личноста на која сте ѝ простиле е ваш заложник поради тоа.

Простувањето ви дава за право да ѝ судите на личноста на која ѝ простивте

Одлуката некому да простите е навистина голем чекор и сигурно ви одземала многу време и размислување за да сфатите дали сето тоа вреди. Но, доколку сте решиле да простите, не смеете тоа да го влечете „низ нос“ на другиот.

razocharuvachki-lagi-za-prostuvanjeto-koi-sprechuvaat-da-zakrepnete-03.jpg

Морате да ја разберете грешката пред да простите

Ништо не морате да правите. Не е потребно да ги анализирате мотивите, ниту скриените намери. Ако веќе простувате, треба да бидете сигурни дека тоа веќе нема да се повтори.

Ако простите, значи дека останувате со таа личност

Сосема е во ред да останете, но исто така е и во ред ако сакате да заминете. Простувањето ве ослободува, не ве обврзува. Подеднакво е нормално и да продолжите со таа личност во вашиот живот или целосно да ја „блокирате“.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Се венчале по 6 месеци врска, во брак се 60 години, таа денес оди со него на ревии – Љубовта на Ралф... Најубавата љубовна приказна во модниот свет е на Ралф Лорен и сопругата - таа му...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...

Најчитани неделава