Зошто пријателствата на далечина се бесценети?

Живеевте во ист град, учевте во исто училиште, но дојде момент кога вашите патишта се разделија - поради студии, поради брак, поради шанса за работа.

zoshto-prijatelstvata-na-dalechina-se-najcvrstite-na-svetot-01.jpg

Колку и да бевте среќни поради новиот тек на животот на вашиот најдобар пријател, не можете да криете дека разделбата ве прави тажни и дека би направиле сè за да ги задржите што подолго покрај вас.

И вие и вашиот пријател носите огромен багаж од емоции поради таа разделба, но не плашете се. Можеби токму оваа разделеност ќе ви покаже колку всушност е цврсто вашето пријателство.

Што сè ви покажува дека не треба да се грижите за вашето пријателство?

Одговарање на пораките

Дури и да нема време во моментот, ви одговара во првата пригода кога ќе се ослободи. Истото го правите и вие и сте во тек со целите свои животи.

Одговорите на пораките се реални

Не е одговор „колку да се рече“, туку навистина разговарате и разменувате информации едни за други. Со сè сте во тек дури и подобро отколку кога бевте физички едни покрај други.

zoshto-prijatelstvata-na-dalechina-se-najcvrstite-na-svetot-02.jpg

Само една порака од нив ви го прави денот поубав

Ако живеете во различни временски зони и често не можете да се затекнете на Месинџер или Вибер, доволно е да ја прочитате наутро онаа прекрасна порака за добро утро и да вратите со иста мерка.

Помалку се карате и пократко трае лутината

Бидејќи сте свесни за далечината, дури и кога се случува да се налутите едни на други, тоа трае многу кратко. Во најголем број случаи, не ни доаѓа до тоа.

Си праќате подароци по пошта

Нема ништо позабавно од тоа да добиете пакет од својот пријател и да уживате во отворањето. Тогаш сфаќате дека никој друг не ве познава толку добро, колку тој/таа на стотици километри од вас.

zoshto-prijatelstvata-na-dalechina-se-najcvrstite-na-svetot-03.jpg

Имате дестинација за одмор на половина пат

Најдовте одлично место кое не ви е предалеку ниту на едниот ниту на другиот и го користите за одмор, кога сакате да избегате од сите други и да поминете квалитетно време заедно.

Времето го користите квалитетно

Бидејќи го имате доста помалку на располагање, повеќе контролирате како го користите времето. Јасно е дека веќе не можете да „денгубите“ по кафиња со секакви муабети, па одредени информации ги цензурирате или избирате што ќе споделите.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
Модерни бонтон правила: 9 работи што не треба да ги кажете преку порака Ако озборувате некого преку порака, без разлика дали на Фејсбук, Инстаграм или д...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...

Најчитани неделава