Психијатар исплете детална реплика на човечкиот мозок

Човековиот мозок често е опишуван како сложена мрежа на нервни клетки, односно неврони, кои ги има барем една милијарда кај секој човек.

psihijatar-isplete-detalna-replika-na-chovechkiot-mozok-01.jpg

Секој еден неврон „контактира“ со уште илјадници други и тоа само во орган кој тежи во просек 1,2-1,4 килограми. Овие конекции постојано се менуваат и прилагодуваат на тоа што го учиме и знаеме, а потоа работат „персонализирано“ за личноста.

Психијатарот доктор Карен Норберг работи во Националното биро за економски истражувања на Кембриџ. Таа неколку години плетела неверојатна и целосно анатомски точна реплика на мозокот. Со помош на памучен конец таа ги исплела сите важни делови од мозокот. На пример, фронталниот кортекс е исплетен со крем нијанса и бледо зелена, визуелниот кортекс со сина, виолетова и тиркизна, а хипокампусот од бебешко розов конец.

psihijatar-isplete-detalna-replika-na-chovechkiot-mozok-02.jpg

Двете страни се поврзани со патент, а малиот мозок и дел од 'рбетниот мозок се претставени со син конец и долг „прамен“ од памук.

Овој проект иако е завршен уште во 1994, денеска се наоѓа во домот на Норберг, а претходно бил дел од постојаната поставка на Научниот музеј во Бостон.

psihijatar-isplete-detalna-replika-na-chovechkiot-mozok-03.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Се венчале по 6 месеци врска, во брак се 60 години, таа денес оди со него на ревии – Љубовта на Ралф... Најубавата љубовна приказна во модниот свет е на Ралф Лорен и сопругата - таа му...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Каде е денес ќерката на убиецот Тед Банди, што ја доби додека чекаше смртна казна? Додека беше во затвор, Тед Банди се венча со негова поранешна колешка, а додека ...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...

Најчитани неделава