Таму каде што не може со пари, може со повеќе пари! - 10 причини зошто никогаш не би се отселиле од Македонија

„Се пие, се јаде и се пуши како да ќе нема утре“

Во Македонија едно е сигурно – нема да останеш гладен и жеден. Се јаде и се пие без мера, во секоја можна прилика. Свадба, раѓање на бебе, роденден, слави, имендени, погреби… се пие, не да се ужива. Се пие – да се умре. До последната капка, до онесвестување.

А последниве месеци речиси и да не постои место каде што не можеш да си запалиш цигара. Фали уште во болниците и во авионите да може да се чури и да бидеме целосно задоволни.

„Го разбираме турбо-фолкот на соседните држави“

Замисли да не си бил роден во Македонија… Како ќе ги разбереш турбо-фолк стиховите од Пинк и Гранд? Бугарските песни на Планета… замисли колку само сиромашен и неисполнет ќе беше твојот живот?

Дали тогаш ќе имаше можност да отидеш на концерт на Аца Лукас, да се напиеш, да оставиш малку бело зад себе на седиштата, да испушиш 4 кутии цигари без проблем (види ја претходната точка) и да ги демолираш тоалетите, без никој да ти каже ниту збор? Не!

Затоа ја имаш Македонија, каде што ти е достапен целиот балкански турбо-фолк, а ти немаш проблем да го совладаш секој стих и рефрен.

„Ќе си подигнеш кредит без проблем, само доколку го употребиш магичното зборче…“

… администрација. Уште па ако го додадеш зборот „неопределено“ кој алудира на твоето временско вработување, банката те дочекува со отворени раце. Некој што зема буквално 10 пати поголема плата од твојата повеќе ќе се намачи при подигнувањето на кредитот.

Бидејќи неговата работа во приватниот сектор со 1500 евра плата не е баш сигурна, ама твојата со 250 евра во администрација ти е загарантирана и сигурна до гроба.

„На дланка народ, имаме ѕвезди“

Замислете, во градот-држава, со помалку од 2 милиони жители, ние имаме ѕвезди, блогерки, влогерки и инфлуенсерки. Тие не се баш сигурни каде точно живеат, ниту пак знаеме од каде ја добиваат самодовербата и ѕвездената аура со која се обвиени, ама доколку се среќни, немаме ништо против. Само напред, Македонија и онака е феномен сама по себе.

„И ние сме први во светот“

Да, конечно и ние може да се пофалиме дека во нешто сме први. Не е спорт, не е наука, не е музика. Не е ниту книжевност, не е ниту уметност. Први сме во загадувањето во светски рамки.

Аплауз за сите нас, за политичарите, народот, за целата држава… зошто некогаш би посакале да се отселите од Македонија?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: (О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
7 бон-тон правила за во ресторан и на свечени настани Ако сте на свечен настан со шведска маса, едната рака секогаш нека ви биде слобо...
Зелен чај против лош мирис и уште 6 трикови со кои чевлите ќе ви бидат удобни и ќе личат на нови Долгото одење или стоење во салонки не е секогаш пријатно. По некое време п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg