Среќен човек е успешен човек

sreken-covek-e-uspesen-covek-povekjeАко сте среќни, тоа нема да ви помогне само да се чувствувате подобро, туку и ќе ви го олесни постигнувањето на успеси во животот – тврди...

 

...реномираниот предавач на Харвард Shawn Actor.

Авторот на книгата The Happiness Advantage, вели дека луѓето кои размислуваат позитивно имаат билошка предност над оние кои се неутрални или негативни.

Добрата вест е што среќата е вештина која може да се научи. Ова се неколку насоки од неговата книга кои ќе ви помогнат да го истренирате мозокот да мисли позитивно и на тој начин да ја подобрите продуктивноста и ефикасноста во сè што правите.

sreken-covek-e-uspesen-covek

1. Медитација – истражувањата покажуваат дека редовно медитирање може трајно да ја подобри вмреженоста на неутроните и со тоа да го зголеми нивото на среќа и задоволство, да го намали стресот и да го зајакне имунитетот.

2. Пронајдете нешто што ќе ве радува – пример е исчекувањето на најубавиот дел од денот кога ќе си дојдете дома или ќе одите на кафе муабет со пријателите.

Ако не сте во можност да отпатувате некаде, одвојте барем еден ден во месецот кој ќе ви биде за комплетно уживање. Можете и да се обидете да уплатите лото, или гребки и да чекате награда.

3. Опкружете се со извор на позитивна енергија – луѓето кои на работното место чуваат фотографии од семејството, или од саканата личност немаат само добро уредено работно катче. Секој пат кога ќе погледнат во фотографиите добиваат сила и енергија.

4. Вежбање – шетајте, истегнете се, возете велосипед, скокајте јаже, движете се по секоја цена. Со тоа ќе го подигнете расположението на подолго време.

5. Трошете пари – но, не на предмети туку на искуства! Отидете на концерт, на претстава, во кино. Излезете со пријателите. Не ги заборавајте пријателите и екскурзиите.

На тој начин создавате позитивно влијание и емоции кои можат да траат повеќе од материјалните работи. Трошењето пари за другите (пријатели, роднини, сиромашните) исто така ќе ве направи среќни и задоволни.

Би можело да ве интересира:

Пет суптилни трикови што ги користат емоционалните манипулатори Префрлањето вина и глумењето жртва се тактики со кои манипулаторите прават нивна...
8 илустрации колку технологијата ни го смени секојдневието (и без кои не можеме да живееме) Не мора да носиме кеш во паричникот - може да платиме дури и допирање на мобилни...
Починала во својот дом, ја нашле три децении подоцна: Детали за една од најчудните мистерии од поран... Хедвига Голик починала во 1960-тите или 1970-тите, во нејзиниот стан во Загреб. ...
Искрени илустрации во кои ќе се пронајдат сите над 30 години Ако во тинејџерските години и 20-тите едвај чекавме да излеземе во гласна дискот...
14 катастрофални онлајн нарачки, што ќе почнете да се смеете од мака „Порачав патики и кога стигнаа, сфатив дека двете се леви“ - сте добиле ли и вие...
„До 26 години се разведов 3 пати – повторно ќе се мажам, но никој не верува дека ќе издржам долго“ „Првпат се венчав на 19 години и навистина не знаев што значи бракот. Сите ми ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg