Дали поминувате низ криза на идентитет?

Дали ви се случува да се погледне во огледало и да се запрашате кое е лицето што ве гледа? Вашиот вистински идентитет е она што навистина сте, без етикети (жена, маж, конкретно име, професија итн.).

dali-pominuvate-niz-kriza-na-identitet-001.jpg

Кризата на идентитетот не е ретка појава, а ова се неколку знаци кои покажуваат дека поминувате низ криза на идентитет:

1. Почнувате да се прашувате каква личност сте надвор од етикетите на социјалниот живот. Дали сте родител, брачен партнер, вработена личност, пријател? Како се дефинирате преку овие етикети? Кога ќе почнете да размислувате за овие прашања тоа може да биде знак дека поминувате низ криза на идентитет.

2. Одвреме-навреме замислувате дека бегате од сè, целосно сами.

3. Читате сè што ќе пронајдете поврзано со целта во животот, бидејќи сметате дека вашиот живот треба да биде нешто повеќе.

4. Се прашувате што се наоѓа под вашиот надворешен изглед. Сакате да дознаете каква личност би биле доколку би се ослободиле од сите етикети. Кој останува зад оваа маска?

5. Се прашувате кој сте и што сакате. Кога имате длабока криза на идентитет, работите можат да делуваат невозможно и неподносливо, но ова е само почеток на едно големо и важно духовно патување.

Што да правите ако поминувате низ криза на идентитет?

1. Бидете активни, не дозволувајте да бидете статични и да влезете во одредена рутина. Истражувајте, читајте и правете го она што никогаш не сте го направиле порано.

2. Проучете го своето минато, нека ви помогнат ситуациите низ кои веќе сте поминале.

3. Разгледајте повеќе опции. За успешно решавање на кризата на идентитетот треба да пробате неколку различни опции. Не можете да изберете само една опција и да ѝ се посветите целосно. Треба да се обидете да ги пробате сите опции.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 знаци дека трошите неконтролирано (и не знаете каде ви одат парите) Секој ден купувате кафе наместо да си носите од дома, постојано купувате оброци ...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
8 знаци дека генерацијата Z веќе не ги прифаќа старите начини на работа (и како ги смени со нови нор... Одбиваат менаџерски позиции, не остануваат долго на една позиција, инсистираат н...
Безбедносни совети за жени од поранешен ФБИ агент - Има трик и со копчето од лифотот „Кога се чекирате во хотел, штитете го вашиот личен простор како на банкомат. Ре...
Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...

Најчитани неделава