8 некултурни работи кои ги прават луѓето, а ги предизвикува анксиозноста

Oдминуваат личност што ја знаат, не прават контакт со очи, одговараат саркастично, избувнуваат... за сè има причина.

8-nekulturni-raboti-koi-gi-pravat-lugjeto-a-gi-predizvikuva-anksioznosta-01.jpg

Кога ќе запознаеме некој, брзо судиме за него. Првиот впечаток ни влијае во голема мерка и потоа се држиме за него.

Често знаеме некоја личност да ја прогласиме за некултурна, а да не помислиме дека позади тоа можеби се крие нешто друго.

Некултурните гестови кај некои луѓе некогаш може да се резултат на анксиозноста.

Некултурни работи кои ги прават анксиозните луѓе:

- Со задоволство прифаќаат средба и прават планови за забавни активности, но во последен миг наоѓаат 100 изговори за да не појдат и откажуваат. Кога конечно ќе откажат чувствуваат олеснување, но и грижа на совеста.

- Понекогаш избувнуваат и со дрзок тон им се обраќаат на луѓето за нешто мало и безначајно. Анксиозноста прави да се чувствуваат како да се на работ и може да избувнат за ситница.

8-nekulturni-raboti-koi-gi-pravat-lugjeto-a-gi-predizvikuva-anksioznosta-02.jpg

- Ги прекинуваат луѓето за време на разговорите, понекогаш само затоа што знаат дека 2 секунди подоцна нема да се сеќаваат што сакале да кажат.

- Понекогаш не прават контакт со очите со соговорникот, туку си гледаат надолу во рацете или во телефонот, но тоа е затоа што во моментот не се чувствуваат добро.

- Кога се во група често се на телефонот за да го држат умот зафатен за нивната анксиозност да не ескалира во тој лош ден.

8-nekulturni-raboti-koi-gi-pravat-lugjeto-a-gi-predizvikuva-anksioznosta-03.jpg

- Се дистанцираат од луѓето затоа што сакаат да се фокусираат на себе и не сакаат да трошат нечие време и енергија кога не се во добро издание, знаат дека не нудат забава.

- Можно е некој што го знаат намерно да го избегнат во јавност и тоа е поради несигурноста и стравот да не кажат нешто глупаво или чудно, а не зошто не сакаат да слушнат што има да каже тој.

- Кога не се чувствуваат добро може да биде дефанзивно настроени, па и саркастични само затоа што сакаат да бидат оставени на мир.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
5 работи кои често ги купуваме, а кои (реално) не ни се потребни Денес се многу популарни справите за вежбање кои се користат дома. Ги гледа...
8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
8 сурови вистини од кои ќе научите многу за животот Ако не се борите за тоа што го сакате, не треба да плачете за тоа што ќе го изгу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg