Женско - машки разговори: кои теми треба да се "избегнуваат"?

Како експерти во нивните области, две истакнати страници (AskMen и Cosmopolitan) одлучија да дознаат каде женскиот и машкиот пол ги губат своите заеднички точки. Дали станува збор за брак и љубов или општи прашања и дилеми? Ова се десетте најинтересни теми во кои, според овие страници, жените и мажите не можат да се сложат.

Zensko maski razgovori koi temi treba da se izbegnuvaat 01

78% од мажите веруваат дека го извлекле "подебелиот крај" за време на разводот, со што се согласуваат 38% од жените. 43% од жените веруваат дека и двата пола имаат еднаков третман за време на разводот.

Речиси 48% од мажите велат дека би ја напуштиле својата партнерка доколку таа би се здебелила. Само 19% од жените би го напуштиле својот партнер во оваа ситуација.

67% од мажите изјавиле дека имале сексуални фантазии поврзани со најдобрата пријателка на нивната партнерка. 33% од жените признале дека ги имаат истите мисли.

Zensko maski razgovori koi temi treba da se izbegnuvaat 02

76% од жените велат дека плаќањето на сексуални услуги е погрешно, а само 43% од мажите се согласуваат со нив.

81% од жените велат дека не би ја менувале големината на пенисот на нивниот партнер, додека 51% од мажите одговориле дека би сакале нивниот пенис да биде "малку" поголем.

55% од мажите и 40% од жените велат дека би имале секс со своите колеги, доколку би имале можност.

Кога би постоеле контрацепциски таблети за мажи, 68% би ги користеле, но само 55% од жените рекоа дека би сакале да ги користи нивниот партнер.

Zensko maski razgovori koi temi treba da se izbegnuvaat 03

43% од жените не размислувале за пензионирање, додека 29% од мажите размислуваат за тоа.

83% од жените веруваат дека испраќање на секс пораки е изневерување, а истото важи и за 75% од мажите.

68% од мажите сметаат дека бракот е неопходна институција, а 57% од жените се согласуваат со нив.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Трикови со кои ќе го заштите домот од кражби (кога не сте дома), според експерти за безбедност Ако живеете во куќа со двор, важно е да ги осветлите темните места во дворот бид...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
Двојни стандарди од кои ни се крева косата - лицемерни реакции на иста ситуација меѓу мажите и женит... Околината поинаку „ги суди“ мажите и жените кои не брзаат да стапат во брак. Кои...
„Пријателката ми исчезна од животот преку ноќ - ме боли повеќе од развод“ „Ги гледавме нашите деца како растат и се поддржувавме кога нашите бракови заврш...
Љубовницата му носела други жени, живее раскошно во Русија по падот на неговиот режим: Кој е поранеш... Поранешниот сириски претседател кој го споредуваа со диктатор по падот на негови...
12 докази дека бабите во минатото имале „златни раце“ (фото) „Баба ми ја направи куклава, од порцеланот, преку фустанот, до чадорот“ „Баба...

Најчитани неделава