Даб - дава животна енергија, Липа - смирува: Лековитите својства на дрвјата

Само еден час поминат во природа е доволен за да се наполните со енергија, дури и покрај фактот што постојано се движите или се искачувате на повисоки места.

proshetka-vo-shuma-zemete-od-pozitivnata-energija-na-drvjata-i-prirodata--01.jpg

Дендротерапија е стручното име на терапијата која вклучува прошетки во природа, односно во шуми - што подалеку од цивилизацијата, тоа подобро.

Интересно е и тоа што секое дрво зрачи со различна енергија:

Даб - ви дава животна сила и ја подигнува енергијата

Багрем - го подобрува сонот и ве орасположува, особено во периодот кога цвета

Костен - неговата енергија ги олеснува тегобите предизвикани од реума

Бор - неговата енергија и мирисот што го шири помагаат за прочистување на дишните патишта

Липа - ја смирува нервозата

Елка - делува како природен шумски антидепресив

Јасен - неговото име самото кажува дека ја подобрува концентрацијата

Диво јаболко - ја подобрува самодовербата

Без разлика дали верувате или не во способноста на дрвјата и растенијата да ја пренесуваат својата енергија, мора да се согласите дека барем еден час поминат во природа ве ослободува од насобраниот стрес и ви ги прочистува мислите.

Затоа, дозволете си најмалку еднаш неделно ваква прошетка и почувствувајте како енергијата на земјата и растенијата пулсираат низ вас.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
Трикови со кои ќе го заштите домот од кражби (кога не сте дома), според експерти за безбедност Ако живеете во куќа со двор, важно е да ги осветлите темните места во дворот бид...
„Ме киднапираа сомалиски пирати – 11-годишно дете ми се закануваше со пиштол, поминав 3-месечен пеко... „На секои пет денови, се менуваше групата мажи што нè чуваа. Повеќето беа само ч...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...
Фотки кои ја покажуваат надреалната убавина на природата Сте виделе ли пердув од колибри? А, сте виделе ли колку им се долги нозете на бу...

Најчитани неделава