Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Паралелни светови - реалност или научна фантастика?

Една од највозбудливите теми за шпекулации е идејата дека нашата реалност можеби не е единствената реалност. Можеби постојат и други универзуми, можеби постојат дури, различни верзии на нас самите. Дали нашиот универзум е уникатен?

Paralelni svetovi realnost ili naucna fantastika 01

Од научната фантастика до научните факти, постои концепт кој сугерира дека постојат други универзуми покрај нашите сопствени, во кои постојат алтернативни верзии на настаните. Концептот е познат како „паралелен универзум“ и е аспект на астрономската теорија на мултиверзумот.

Оваа идеја е распространета во стрипови, видеоигри, серии и филмови, франшизи како „Бафи, убиецот на вампирите“, „Стар трек“, „Доктор Ху“… Клучното прашање кое се поставува е дали нашиот универзум е единствен или постојат многу паралелни димензии?

Според теорија мултиверзумот не е физичко место, туку коегзистира со нашиот универзум во апстрактниот дел од реалноста, создавајќи повеќе верзии од нас, кои живеат во безброј универзуми. Физичарите предложуваат неколку форми на мултиверзуми, од кои секој обезбедува друг аспект на законот на физиката. Проблемот е што практички не можеме да ги посетиме паралелните светови, за да потврдиме дека тие навистина постојат.

Затоа се поставува прашање дали постојат други начини за да се утврди постоењето на паралелните универзуми кои не можеме да ги видиме или допреме?

paralelni-svetovi-realnost-ili-naucna-fantastika-02.jpg

Научниците имаат повеќе теории за тоа дали е можно да постои мултиверзум...

Пачворк универзум

Наједноставниот мултиверзум е резултат на неограничени димензии на нашиот универзум. Иако не знаеме дали универзумот е бесконечен, не можеме да ја отфрлиме оваа можност. Доколку е така, тогаш мора да биде поделен на области кои не можат да се видат едни со други.

Сè на сè, овие области се посебни универзуми, но кога светлината би се преклопила тогаш овие универзуми би се споиле.

paralelni-svetovi-realnost-ili-naucna-fantastika-01.jpg

Инфлациски универзум

Втората теорија е базирана на настанокот на нашиот универзум. Оваа теорија објаснува зошто универзумот е релативно рамномерно распределен, каде и да гледаме. Според сегашните толкувања, големиот прасок настанал кога дел од обичниот простор, кој не содржел материја, но бил исполнет со енергија, се појави во друг вид на простор наречен „лажен вакуум“ и почна да расте како меур.

Во тоа време, во него би можеле да се појават и други универзуми од „вистинскиот вакуум“. Таквото сценарио е познато како „голема инфлација“, односно постојано проширување на мноштво универзуми.

Доколку ја оставиме физиката на страна, постојат многу чудни приказни за луѓето кои исчезнале и никогаш не биле видени повторно. Дали овие луѓе влегле во паралелниот свет?

paralelni-svetovi-realnost-ili-naucna-fantastika-03.jpg

Една приказна зборува за човек од место наречено Тауред. Истата е потврдена и документирана. Сè започна во 1954 година, кога еден човек слета со авион во Токио. Во пасошот на човекот пишувало дека доаѓа од држава наречена Тауред. Држава која никогаш не постоела. Човекот тврдел дека неговата земја се наоѓала помеѓу Франција и Шпанија, на месото на Андора, но тој никогаш не слушнал за Андора.

Тој, исто така, тврдел дека веќе пет години патува во Јапонија на службен пат. Неговиот пасош ја потврдил оваа бизарна приказна, бидејќи бил полн со визи и печати. Тој дури имал и возачка дозвола од Тауред и сметка во непозната банка. По неколку часа испрашување човекот е однесен во хотел од каде исчезна.

Камена шума Marakwasi се наоѓа во Лима (Перу), а камењата на ова место потсетуваат на скулптури со човечки лица. Никој не знае кога и зошто се направени. Според локалното верување, ова место е портал за друга димензија. Но тоа не е сè. Доктор Раул Риос Центено забележал случај на девојка која кампувала со пријателите во Marakwasi. За време на прошетка наидоа на камена колиба во која танцуваа луѓе облечени во племенска облека.

Девојката се обиде да влезе, но еден пријател ја повлече пред да влезе целосно. Делот од телото што влезе во колибата ѝ остана парализиран. Медицинските тестови не најдоа никаква причина за оваа парализа, а камената колиба никогаш повеќе не е пронајдена.

paralelni-svetovi-realnost-ili-naucna-fantastika-04.jpg

Ашера | Црнобело / Фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Волкот и трите прасиња, Црвенкапа: Пет популарни бајки и поуката што ја научивме од нив Иако можеби како возрасни не им придаваме големо значење, бајките се одличен нач...
5 потсетници кои ќе ви помогнат полесно да ги прифатите големите (и неизбежни) животни промени Не заборавајте дека промените ни помагаат да созрееме, но и дека секогаш ни носа...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg