Ја мразите работата, но се плашите да барате нова? Не сте задоволни од врската, но трпите? Зошто ги правиме овие работи?

Стравот од промена е еден од најчестите стравови со кои се соочуваат луѓето, бидејќи се плашат од неизвесност и од непознатото. Проблемот се јавува кога стравот од промена ќе ги парализира луѓето, по што тие остануваат заглавени.

Ja mrazite rabotata no se plasite da barate nova Ne ste zadovolni od vrskata no trpite Zosto gi pravime ovie raboti 01

Чест пример на овој страв е останување во љубовна врска која не исполнува, поради страв дека ќе останеме сами и поради идните напори и ризици во барањето на новиот партнер. Друг вообичаен пример е останување на работа која не ве исполнува. Во двата случаи се повторуваат истите реплики: „Сите мажи се исти“, „Сите бракови се исти“ или „Секоја работа е иста“.

Луѓето, за жал, сè почесто веруваат дека се „премногу стари“ за да променат нешто во сопствениот живот, но зошто, всушност, го правиме ова?

Стравот од промени честопати се поврзува со негативниот поглед на светот околу нас. Во семејството, каде што животот се претставува како товар, децата најверојатно ќе се плашат од промени во зрелоста.

Анксиозните родители на своите деца честопати ја пренесуваат идејата дека животот е полн со опасности и ризици, и дека најдобриот начин е секогаш да се држат до познатото. Ако родителите доживеат одредена траума нивните деца можат свесно или несвесно да научат дека животот е синоним за опасност и непредвидливост.

За да смениме нешто прво мораме да иницираме промена. Кога луѓето се плашат, наместо да бидат проактивни и да имаат иницијатива, најчесто го поминуваат времето недавејќки се дека „вистинската личност“ ќе влезе магично во нивниот живот и сл. Ако чекате да се остварат вашите соништа, тие ќе останат она што се - само соништа.

Ja mrazite rabotata no se plasite da barate nova Ne ste zadovolni od vrskata no trpite Zosto gi pravime ovie raboti 02

Желба за промени нé води до промени. Чекањето, желбата и обвинување на другите луѓе за нашите неуспеси не води до живот кој навистина го сакаме.

Кога во краток временски период ќе ве оптоварат промените, запомнете дека тие се составен дел од животот. Можете да им давате отпор или да ги прифатите.

Минување низ промени не е лесно искуство. Често е пропратено со чувство на празнина, тага и конфузија. Но како и кај секоја друга транзиција, чувствата со текот на времето ќе се намалат, особено кога ќе сфатите дека позитивните промени во вашиот живот стануваат реалност.

Фокусирајте се на иднината и на она што сакате да го постигнете. Најлошото сценарио од вашата глава најверојатно никогаш нема да се случи. Понекогаш ни е потребна само нова перспектива која ќе нè ослободи од нашите црно-бели начини на размислување.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
Знаци дека мора да направите рамнотежа меѓу приватниот живот и работата Не можете да го исклучите телефонот без чувство на вина и горди сте што сте прем...
12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...

Најчитани неделава