Грижете се за оние кои ги сакате, дури и кога сте им лути

Само поради тоа што сте им лути, не значи и дека треба да се однесувате лошо кон нив.

grizhete-se-za-onie-koi-gi-sakate-duri-i-koga-ste-im-luti-01.jpg

Иронично, но токму оние кои најмногу ги сакаме, најлесно ни ги тестираат границите. Тука спаѓаат и семејството, блиските пријатели, партнерот, децата... Кога сме повредени од нив, тогаш лутината е вистинска, реална и не можете никако да ја одглумите.

Секој од нас тоа го покажува на различен начин, некој дури и со агресивност (што воопшто не е исправно и треба да се третира). Но, како да се однесувате со нив?

Како да им дадете до знаење на своите сакани дека и покрај грешката, вие и понатаму останувате тука за нив?

Контролирајте ги емоциите

Најлесно е тоа да го кажете со зборови, дека колку и да сте лути, вашата љубов останува иста. Особено ова е важно доколку се работи за дете.

Не напуштајте ги

Дури и кога сте лути, не отстапувајте од она што ви е рутина. Нормално подготвувајте го кафето и седете во иста соба. Сè друго може дополнително да ја влоши ситуацијата.

Истурете се на друго место

Пред да кажете зборови на кои нема да бидете горди во животот, вдишете и пренесете ги на хартија или во некој друг запис. Потоа ќе бидете посмирени.

Чувајте го конфликтот меѓу вас

Не го пренесувајте на пријателите, на другите членови од семејството, а најмалку на социјалните мрежи. Почитувајте се дури и кога најмногу се „мразите“.

Сослушајте ја другата личност

Секој конфликт има две страни, па затоа вреди да го сослушате и другиот кој е вмешан во него. Не избувнувајте, туку навистина, слушајте  што има да каже.

Прегрнете се

Прегратката има моќ да ги направи нештата многу помалку страшни отколку што ви изгледаат. Прегратката ќе ве ослободи од бесот и ќе им дозволи на реалните емоции да доминираат.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 фото-докази дека на светот уште постојат добри луѓе со чиста душа „Направив мало шкафче во јавност за оставање бесплатна храна и намирници – некој...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...

Најчитани неделава