Скарабеј - симбол на вечна младост, кој е надвор од границите на просторот и времето, животот и смртта

Египќаните секогаш бараа инспирација во природата. Сè што се криело во природата, од најмалите жители до далечните ѕвезди и галаксии, било клучно за откривањето на тајните на универзумот. Што ги привлече Египќаните кон инсектот од семејството Scarabaeidae

Skarabej simbol na vecna mladost koja e nadvor od granicite na prostorot i vremeto zivotot i smrtta 01

Набљудувајќи го неговото однесување забележаа дека овој вреден работник создава топчиња во кои потоа ги остава своите јајца. Потоа истата ја тркала од исток кон запад во што Египќаните го препознале патувањето на сонцето.

Скарабеј беше сликата и симболот на Кефер, едното од трите лица на богот на Сонцето. Ра го симболизираше дневното Сонце, Атум ноќното, скриеното, а Кефер, божество со глава на скарабеј, го олицетворуваше утрото.

Како и другите соларни божества, Кефер ја имаше функцијата на создавањето на светот, човекот и универзумот. Името „Кефер“ е преведено како „создаден сам од себе“ или „создаден од своето име“.

Според митот, скарабеј излезе од носот на главата на Озирис, со што го објави неговото воскресение од мртвите во небесниот свет. Инсектот кој постојано ја тркала топката за да не се уништи семето на новиот живот, стана симбол на обновувачот, кој се раѓа од инертна, но жива материја, подготвен да започне нов циклус на постоење.

Skarabej simbol na vecna mladost koja e nadvor od granicite na prostorot i vremeto zivotot i smrtta 02

Како голем симбол и моќен талисман, скарабејот ги следеше Египќаните, не само низ сите периоди од нивниот живот, туку и по нивната смрт. Египќаните веруваа дека по смртта на телото од него излегува бесмртна душа која патува во другиот свет.

Скарабејот ја персонифицирал скриената моќ на срцето, која човекот морал да ја разбуди во себе, за да се роди, да умре и да воскресне. Затоа, за време на процесот на мумификација на местото на вистинското срце било ставено керамичко или камено срце со симбол на скарабеј.

Срцето одигра важна улога во познатата сцена на психостазија–вагањето на тежината на срцето по смртта. За душата на мртвите да продолжи кон Вечноста, срцето на починатиот на вагата требало да биде полесно од пердувот на божицата на правдата - Мат. Срцето може да биде полесно само ако е чисто и исполнето со светлина.

Скарабеј имаше и друго значење во древниот Египет. Овој мал инсект стана симбол на ученик и неговиот пат кон мудроста.

Скарабеј со раширени крилја кој држи пламена топката во нозете станува симбол на новото, младо Сонце кое ја победува темнината и кое носи обнова. Двете крилја симболизираат две очи – едното е ноќно кое гледа во темница и е поврзано со месечината, а другото е дневно, кое им дава живот на сите суштества.

На грбот му се наоѓа познат симбол „тау“ во чиј центар се среќаваат небото и земјата. Со ова, скарабејот ја исполнува својата мисија на земјата.

Така во Египет скарабеј стана симбол и помагач на секој ученик, кој го следи и му помага во најтешките искушенија. Тој го потсетува човекот дека во себе има скриено срце со кое може да ја надмине темнината. Симбол е на вечната младост која е надвор од границите на просторот и времето, животот и смртта.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
„Пред и потоа“ фото-споредби што ќе ве мотивираат да направите генералка (пред да дојде зима) „По тежок период во животот, станот ми беше хаос. Чистев осум часа“. „По тежо...
„Го мразев животот во Дубаи – наместо да уживам, работев 80 часа неделно, за плата со која едвај пре... Натали од Англија се преселила во Дубаи на само 18 години, откако добила работа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg