Направете пролетна генералка, но на својот ум

Кога пролетното сонце ќе светне и ќе навлезе во нашиот дом, прво што забележуваме е дека е време за генерално чистење.

napravete-proletna-generalka-no-na-svojot-um-01.jpg

А замислете само колку би било добро заедно со прашината и пајажините кои се насобрале, да можевте да се ослободите и од менталниот товар, лошите мисли и емоции, како и од сè што ве заморувало изминатиот период. Верувајте, на вашиот ум му е потребно тоа.

Сигурно сте забележале дека постојано мислите на нешто, следите листи со обврски, се тркате со времето, ја надополнувате листата на обврски и ги менувате приоритетите. За успешно да го направите тоа, постои и нешто многу практично и се вика водење дневник.

Тоа не мора да биде популарниот булет-дневник, ниту да има фенси дизајн. Доволно е само да го запишете она што ви е постојано во глава, без да следите формати и упатства за боење.

napravete-proletna-generalka-no-na-svojot-um-02.jpg

Едноставно, следете ги овие чекори:

1. Запишете што треба да направите и  што мора да направите. Дури потоа преминете на она што сакате да го направите.

2. Утврдете зошто го правите секое од тие нешта. Запрашајте се дали воопшто сакате да ги правите.

3. Заклучете што од тоа е навистина важно и витално за вас, па направете листа на приоритети.

4. Направете план за она што следи понатаму.

5. Правете ревизија секој ден на она што е ново во вашиот ум и комбинирајте го со веќе постоечките точки на листата.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 безбедносни совети кои можат да ви го спасат животот Што да правите ако сте во автомобил на раб на бездна или, пак, ако паднете во бр...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
Безбедносни совети за жени од поранешен ФБИ агент - Има трик и со копчето од лифотот „Кога се чекирате во хотел, штитете го вашиот личен простор како на банкомат. Ре...
10 новогодишни суеверија што (наводно) ќе ви донесат среќа во 2026-та Ставете повеќе пари во паричникот за да биде полн кога ќе влезете во новата годи...
14 катастрофални онлајн нарачки, што ќе почнете да се смеете од мака „Порачав патики и кога стигнаа, сфатив дека двете се леви“ - сте добиле ли и вие...

Најчитани неделава