Забранетото кралство Агарта – подземен свет или метафора на метафизичка наука?

Идејата дека забрането кралството Агарта навистина постоело е поддржана од многу истражувачи низ светот. Се верува дека картата, што ја направи картографот Хајнрих Ц. Беран, покажува на кој начин може да се влезе во внатрешноста на Земјата - Кралството Агарта. 

Zabranetoto kralstvo Agarta 01

Но најитересниот детал е присуството на подводни премини. Овие премини се протегаат низ целиот континент и се приближуваат до точната локација која е идентификувана како отворање кон Шупливата Земја или Внатрешната Земја.

Дали е можно Земјата всушност да е шуплива и да постои сосема поинаков свет под површината? Веќе со векови се шпекулира дека во внатрешниот дел на Земјата може да се пристапи преку Северниот и Јужниот Пол.

Дали тоа значи дека постои влез во друг свет и дали навистина постоело кралството Агарта?

Во митолошките приказни често пати се зборува за патувањето во подземјето. На пример, вавилонскиот херој, Гилгамеш, го посетува својот предок Утнапиштим во внатрешноста на Земјата.

Во грчката митологија, Орфеј се обидува да ја спаси Евридика од подземјето. Се вели дека фараоните од Египет можеле да комуницираат со подземниот свет до кој се стигало преку тајните тунели скриени во пирамидите.

Будистите отсекогаш верувале и сè уште веруваат дека во Агарта, подземниот рај, живеат неколку милиони луѓе. Запознаени сме и со идејата на Нацистите кои ја пребарувале целата планета во желба за глобална доминација.

Иако постојат многу луѓе кои не веруваат дека постои уште еден свет во внатрешноста на Земјата, постојат и луѓе кои веруваат дека Земјата е навистина шуплива, а за оваа теорија имаат и „докази“.

Еден од нив е мапата, создадена во 1940-тите години, која припаѓала на Третиот рајх. На мапата е прикажан начинот на кој германските подморници доаѓале до внатрешниот дел на Земјата. Детално се покажани двете хемисфери, но исто така и т.н. кралство Агарта.

Zabranetoto kralstvo Agarta 02

Наводно постои и копија на писмо, испратено од еден човек по име Карл Унгер, кој бил член на една од германските подморници. Во ова писмо тој вели дека Германците стигнале до внатрешноста на Земјата и дека немаат намера да се вратат. Интересно е што истата подморница исчезна без трага на 7 мај во 1943 година.

Zabranetoto kralstvo Agarta 03

Можеби ова била само пропаганда за војната. На крајот на краиштата, Нацистите сакале да се претстават како надмоќна раса, па можеби сакале луѓето да веруваат дека можат да комуницираат со натприродни нешта.

Според приказниве Агарта е град во јадрото на Земјата каде што древната хоминидна цивилизација се преселила пред милиони години, откако ја напуштиле површината.

Со нив земаа огромно знаење, а повремено излегуваат на површината. Многу култури и религии зборуваат за овој подземен свет, а тајните влезови можат, наводно, да се пронајдат во пештерите во Кентаки, Бразил, Еквадор, Тибет, Монголија, Индија…

Митскиот рај е познат под многу различни имиња: Забранетата земја, Земјата на белите води, Земјата на силните духови, Земјата на живиот оган… Хиндусите ја познаваат како Аријаварта (буквално: Земјата или Кралството на Аријците, Земјата на благородниците). Но во Азија, кралството Агарта е најпознато по името Шамбала, што на санскрит значи „место на мирот“.

Идејата за подземните светови е можеби инспирирана од античките религиозни верувања во подземниот светови (Ад, Шеол, Пекол).

Интересно е дека во 2001 година Националната агенција за геопросторни разузнавачки служби на САД откри една магнетна аномалија. Се верува дека се наоѓа на источниот брег на езерото Восток на Антарктикот, а аномалијата е вештачки создадена.

Zabranetoto kralstvo Agarta 04

Додека од една страна геолошките истражувања докажуваат дека Земјата не е шуплива, од друга страна во Земјата постојат доволно големи празнини во кои луѓето би можеле да се скријат во случај на опасност. Но секое подлабоко навлегување во Земјата би било смртоносно, поради неподносливо високите температури.

Друга теорија зборува за „зоната на непристапноста“ на Северниот Пол. Се работи за област голема како Северна Америка, која е достапна само за неколку научници. Фотографиите сликани од вселената покажуваат голема, мистериозна дупка околу самиот Северен Пол.

Приказната за кралството Агарта, забранетиот град од подземјето, е само фикција или нешто повеќе? Треба ли да ја сфатиме буквално или како метафора на некоја метафизичка наука? Можеби некој ден ќе го дознаеме и овој одговор.

  Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
„Вечерва Нова година ќе славам во пижами и (можеби) ќе заспијам пред полноќ“ „Нема да го пропуштам дочекот на Новата година, туку намерно ќе останам дома. За...
9 фото-докази дека на светот уште постојат добри луѓе со чиста душа „Направив мало шкафче во јавност за оставање бесплатна храна и намирници – некој...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Трикови со кои ќе го заштите домот од кражби (кога не сте дома), според експерти за безбедност Ако живеете во куќа со двор, важно е да ги осветлите темните места во дворот бид...

Најчитани неделава