„Љубезни“ нешта што ги правите во рестораните, а всушност се дрски

Кога сме во ресторан, сигурно сакаме да ги покажеме своите добри манири, но и целосното искуство да биде пријатно за нас.

ljubezni-neshta-shto-gi-pravite-vo-restoranite-a-vsushnost-se-drski-01.jpg

Секако, имате одредени навики кои ги практикувате кога сте во ресторан, но и некои очекувања кои ги имате од услугата на персоналот.

Има луѓе кои се навистина комплицирани, но дали сте помислиле дека можеби и вие сте дел од нив?

Чекате до крај за да се договорите кој плаќа

Кога сте во ресторан, најдобро е однапред да се договорите дали ќе ја делите сметката подеднакво, секој ќе го плаќа своето или еден ќе покрие за сите. Не чекајте персоналот да „виси“ над вас додека вие се натегнувате по паричниците.

Не кажувате дека нешто не е во ред

Сосема е нормално и очекувано на крајот од оброкот да кажете ако месото било ладно или лошо зготвено. Вработените во рестораните преферираат да ги знаат забелешките на своите гости, за да можат да се коригираат понатаму.

ljubezni-neshta-shto-gi-pravite-vo-restoranite-a-vsushnost-se-drski-02.jpg

Ги собирате садовите

Можеби ви се чини како добра идеја да ги соберете чиниите на едно место, да го ставите приборот во најгорната, а врз тоа и искористените салфети. На овој начин воопшто не му помагате на персоналот. Оставете ги чиниите покрај себе откако ќе завршите, келнерите знаат како треба да ги соберат.

Се обидувате сами да го исчистите нередот

На секого може да му се случи да истури нешто или да скрши чаша. Иако инстинктивно ви доаѓа да земете салфети и да бришете и чистите, всушност најпаметно би било тоа да го оставите на персоналот. Тие имаат соодветни предмети со кои ќе го средат тоа.

ljubezni-neshta-shto-gi-pravite-vo-restoranite-a-vsushnost-se-drski-03.jpg

Премногу зборувате

Келнерите се таму на работа и на нив е да ја примат вашата нарачка, да ја спроведат до кујната и потоа подготвената храна да ја донесат на вашата маса. Немаат многу време да разговараат со вас, со оглед на тоа што ги чекаат и на други маси. Бидете љубезни, тоа е доволно.

Сами земате нешта од послужавникот за да помогнете

Повторно, не им се мешајте во работата. Келнерите умеат да носат и по пет чинии во една рака и да знаат како точно да избалансираат. Исто се случува и со послужавниците со пијалаците. Тоа е нивна работа, а на вас е да уживате во престојот во ресторанот. И секако, оставете бакшиш.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
„Ме нападна ајкула во плитка вода, ми ги одгриза дланката и ногата – маж ѝ удри бокс за да ме спаси“ „Бев во шок. Мојот мозок знаеше дека нешто се случува, но телото не ми реагираше...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...
Силувале девојчиња, ги убедувале родителите дека се „благословени“ од Исус: Мрачните тајни на сектат... Иако лидерот е зад решетки за силување деца, следбениците на сектата La Luz del ...
Заборавената сопруга од Србија на Ајнштајн: Му ги решавала математичките проблеми, тој ја изневерува... Првата сопруга на Ајнштајн, Србинката Милева Мариќ, бла гениј исто како и физича...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...

Најчитани неделава