9 начини како денешниот ден да си го направите посреќен

Разбудете се со насмевка и помислете на една работа која сметате дека ќе ви донесе радост тој ден.

8-nachini-kako-deneshniot-den-da-si-go-napravite-posrekjen-01.jpg

Сите имаме само по 24 часа во денот, затоа не смееме да ги трошиме залудно исполнети со негативна енергија.

Дишете длабоко и одете со насмевка на лицето низ животот. Бидете вие херој за себе и за другите и ќе имате не само посреќен ден, туку и посреќен живот.

Како денешниот ден да си го направите посреќен:

1. Разбудете се со насмевка и помислете на една работа која сметате дека ќе ви донесе радост тој ден.

2. Давајте комплименти, искрени и од срце, луѓето околу вас ќе се чувствуваат среќно и ценето.

3. Држете се до своите ветувања и покажете им со тоа на луѓето дека ви значат - појавете се во точно време на нивната роденденска забава на пример.

4. Давајте бакшиш - колку и да е мал ќе измамите насмевка на нечие лице и ќе си направите убаво на душата.

5. Дозволете му некому да помине прв, без разлика дали тоа е на паркинг или во супермаркет.

8-nachini-kako-deneshniot-den-da-si-go-napravite-posrekjen-02.jpg

6. Правете мали дела добрина - купете му сендвич на некој бездомник или помогнете и на стара бабичка со ќесињата.

7. Сакајте се себе и грижете се за себе, па така дозволете си топла бања со ароматични масла, јадете здрава храна и почестете се со некое парче облека.

8. Времето кога легнувате нека ви биде време за благодарност - одвојте неколку минути да се заблагодарите за сите благослови што ги имате и така посреќни ќе си заспиете.

9. Прегрнете го сето тоа што е добро, односно фокусирајте се на сè што имате, наместо на она кое го немате.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 начини на кои алфа жените поставуваат граници само со зборови „Нема да можам да го направам тоа“ - Јасно и без вина одбиваат кога нешто не им ...
8 знаци дека генерацијата Z веќе не ги прифаќа старите начини на работа (и како ги смени со нови нор... Одбиваат менаџерски позиции, не остануваат долго на една позиција, инсистираат н...
Знаци дека мора да направите рамнотежа меѓу приватниот живот и работата Не можете да го исклучите телефонот без чувство на вина и горди сте што сте прем...
„Пред и потоа“ фото-споредби што ќе ве мотивираат да направите генералка (пред да дојде зима) „По тежок период во животот, станот ми беше хаос. Чистев осум часа“. „По тежо...
10 причини зошто стоите во „мртва точка“ (и не можете да си го промените животот) Сакате веднаш да видите резултати, немате стратегија и тврдоглави сте. Сакате...

Најчитани неделава