10 трикови со кои се служат познатите жени за да изгледаат добро на фотките

Трик на притиснати усни

Благо притиснатите усни се поблага верзија на т.н. поза „duck face“. Оваа техника совршено ја имаат извежбано Криси Тајген и Хилари Даф.

Наједноставен начин за да го постигнете овој изглед е да ги притиснете мускулите од носот надолу за горната усна да ви добие повпечатлив изглед. Вака усните ќе ви изгледаат поголеми и ќе имате подобра фацијална експресија.

10-trikovi-so-koi-se-sluzhat-poznatite-zheni-za-da-izgledaat-dobro-na-fotkite-07.jpg

Техниката на спонтана насмевка

Ова не е вистинска смеа, но и не е само вештачка насмевка, тоа е тивка насмевка со малку отворена уста и благо затеснети очи.

На овој начин ќе ја истакнете својата разиграна страна и ќе изгледате помладешки и позабавно. Со оваа поза нема да погрешите.

10-trikovi-so-koi-se-sluzhat-poznatite-zheni-za-da-izgledaat-dobro-na-fotkite-08.jpg

Вашата лева страна секогаш ви е добрата страна

Многумина советуваат да си пронајдете која ви е „поубавата“ страна и така да позирате. Но, дали сте забележале дека познатите дами секогаш ја покажуваат нивната лева страна?

Според едно истражување, левата страна секогаш е поатрактивна бидејќи десната хемисфера на мозокот е одговорна за разбирање и изразување на визуелните емоции, па со тоа нашата лева страна е посуптилна и побалансирана од десната.

10-trikovi-so-koi-se-sluzhat-poznatite-zheni-za-da-izgledaat-dobro-na-fotkite-09.jpg

Метод „брадата надолу“

Како што функционира методот сликање одгоре, така функционира и позирањето со брадата надолу. Овој трик прави да изгледате флертувачки и женствено.

Вака линијата на вилицата ќе ви изгледа подефинирано. Очите ќе ви изгледаат поголеми, а вие младешки и атрактивно.

10-trikovi-so-koi-se-sluzhat-poznatite-zheni-za-da-izgledaat-dobro-na-fotkite-10.jpg

Гледање настрана од камерата

Гледањето настрана од камерата прави сите да изгледаат подобро на фотографиите. Вака фотографиите изгледаат покежуал и поспонтано.

Ќе креирате природен изглед и ќе направите другите да се прашуваат во што гледате.

10-trikovi-so-koi-se-sluzhat-poznatite-zheni-za-da-izgledaat-dobro-na-fotkite-11.jpg

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

22 идеи како да имате совршен неделен ден Одете на бранч со пријателите. Планинарете и уживајте во неверојатните пејзажи.....
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Зелен чај против лош мирис и уште 6 трикови со кои чевлите ќе ви бидат удобни и ќе личат на нови Долгото одење или стоење во салонки не е секогаш пријатно. По некое време п...
Корисни трикови што ги научивме во училиште, а ни служат за цел живот За разлика од новите генерации кои користат паметни табли и голем број надредни ...
Застарени бонтон правила што никој не ги почитува Мажите не треба да чекаат жената да им пружи рака за да се ракуваат, а во рестор...
13 корисни трикови што може да ве спасат од незгодни ситуации со изгледот Како брзо да ги избелите забите или да го освежите здивот? Овие корисни трикови ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg