Дали интуицијата е највисоката форма на интелигенција?

Според Герд Гигерензер кој работи во Институтот за човечки развој Макс Планк, вистинската интуиција е имањето на неопходниот инстинкт за одредување на кое знаење треба да се фокусирате, а кое можете да го заборавите.

psiholog-tvrdi-deka-intuicijata-e-najvisokata-forma-na-inteligencija-01.jpg

Герд смета дека интуицијата и рационалноста можат да одат заедно, а самиот се искористил како пример. Додека бил задлабочен во неговото истражување, често добивал чувство кое го следел бидејќи знаел дека ќе му го даде точниот одговор.

Но, истовремено, тој се обидувал да ја најде и причината зад овие „чувства“ со помош на наука. Сепак, кога станувало збор за лични проблеми и прашања, секогаш ја следел неговата интуиција.

Но што е интуицијата? Формално, таа не е призната како интелигенција, па што всушност значи ова за личноста со посилна интуиција?

Интуицијата е вид интелигенција, но оди заедно со други фактори. Оние кои веќе имаат интелектуална љубопитност и сакаат да учат, дефинитивно се интелигентни. Сепак, не можете да седите дома и да чекате знаењето да дојде самото.

Желбата за истражување на одредена тема и разгледување на сите нејзини аспекти е неопходна. Кога вашата интуицијата ви дава „чувство“, тогаш ова дефинитивно е вид интелигенција, и тоа многу важен.

Еден начин да ја разберете интуицијата е да ја гледате како колективна интелигенција. Доколку ја гледате на начин на којшто е поврзан Интернетот, организацијата на веб-сајтовите ќе зависи од интуиција, така што корисниците ќе имаат подобро разбирање и полесно ќе се снаоѓаат. Биле потребни години да се развие овој концепт на отстранување непотребни информации. Порано интернетот бил висински хаос.

Според Тео Хамфрис, за еден дизајн да биде целосно заснован на интуиција, мора да биде разбирлив дури и кога нема прирачник. Корисниците мораат да можат самите да сфатат што се случува, бидејќи тоа е дел од колективната интелигенција што ја споделуваме сите.

Кога интуицијата и дисциплината одат заедно, можат да се постигнат неверојатни резултати. За да ги научите основите на која било тема, мора да користите логика. Вашата интелигенција мора да биде повисока за вашата интуиција да биде вистински моќна. Колку повеќе учите, толку повеќе ќе се изострува вашата интуиција.

Можеби веќе имате слушнато за теоријата на Ајнштајн за интуицијата. Тој верувал дека интуицијата е дар, додека рационалноста е слуга. Општеството настојува да го слави слугата, но заборава дека постои и дарот.

Постојат моменти кога вашата рационалност ќе ве однесе на погрешен пат, а во овој случај ќе ви биде потребна интуицијата за да се вратите во колосек. Доколу чувствувате дека нешто не е во ред, тоа е вашиот интуитивен ум кој ве предупредува дека треба добро да размислите за дадениот проблем.

Оние кои се интелигентни, обрнуваат внимание на овие предупредувања. Најдобрите помеѓу нас го користат ова чувство за да преземаат големи ризици и всушност тие се оние кои се вистински успешни. Дисциплинирањето на вашата интуиција е клучно.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
По клиничка смрт и кома, освоил автомобил, па 250.000 € од грепка: Лудата одисеја на Бил Морган Во 1990-тите, Бил Морган речиси го загубил животот и поминал неколку денови во к...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...

Најчитани неделава