Мрачната страна на најпознатите детски бајки

Веројатно и вам како мали ве заспивале со бајки. Целта на овие приказни е да нè натераат да се движиме по вистинскиот пат во животот. Но иако магијата не им е „украдена“, голем дел од најпознатите бајки биле изменети преку филмовите и уметноста.

 10-te-najmrachni-bajki-01.jpg

Песните, игрите и самовилскиот прав ги покриле длабоките, мрачни елементи од древните бајки.

Па, погледнете што всушност се случува во оригиналните верзии на бајките со кои пораснавме:

1. Јованче и Марика

Приказната за Јованче и Марика е можеби најморничавото дело на браќата Грим. Покрај тоа што е сместена во германско село опустошено од глад, приказната ја разработува и темата киднапирање на деца.

Според оригиналната приказна, Јованче и Марика се оставени во шумата бидејќи нивната маќеа и нивниот татко повеќе не можат да се грижат за нив.

Откако се оставени, децата почнуваат да се движат, а Јованче остава трошки леб зад нив за да си го најдат патот. По некое време, наидуваат на куќа направена од слатки.

Подоцна дознаваме дека во куќата живее вештерка, која ја присилува Марика да работи, а одвреме-навреме го проверува Јованче дали е доволно дебел за да го изеде. Додека вештерката ја подготвува вечерата, Марика ја турка во фурната и ја затвора вратата.

Крајот е можеби уште почуден. Јованче и Марика одлучуваат да ги следат трошките леб и повторно го наоѓаат татко им. Тој, пак, ја оставил маќеата и сака да ги земе назад.

10-te-najmrachni-bajki-02.jpg

2. Снежана

Снежана е можеби најпознатата, ако не и најпопуларната бајка на сите времиња.

Во бајката се раскажува за млада принцеза со кожа бела како снег, усни црвени како крв и коса црна како абонос.

Снежана се претвора во прекрасна млада жена во богато кралство, но нејзината почината мајка е заменета од злобна маќеа. Но, не само што е злобна, маќеата е и волшебничка опседната со својот изглед. После консултацијата со нејзиното магично огледало, маќеата дознава дека не таа, туку Снежана е најубава од сите.

По неуспешниот обид за убиство од страна на маќеата, Снежана бега во шумата и живее со 7-те џуџиња. Маќеата неколкупати се обидува да ја убие, а на крај успева да ја отруе со јаболко.

Но, Снежана не умира, туку заспива, а подоцна е разбудена од бакнежот на Принцот.

На крајот на оригиналната бајка, маќеата е брутално казнета за нејзините злодела – ја тераат да игра во вжештени железни чевли сè додека не умре.

10-te-najmrachni-bajki-03.jpg

3. Свирачот од Хамелин

И оваа приказна е сместена во германско село со многу проблеми, од кој најголем е наездата од стаорци. Еден ден, во селото се појавува ексцентричен свирач, кој тврди дека може да им помогне на селаните.

Свирејќи, тој ги намамува стаорците во реката, по што сите се дават. Но, кога доаѓа време да му платат на свирачот, селаните одбиваат. Разгневен, свирачот се враќа и ги маѓепсува сите деца со неговото свирење и ги тера да го следат надвор од селото и исчезнуваат.

Крајот на приказната има неколку верзии. Според една, свирачот ги носи децата низ портал во прекрасна земја. Според друга верзија, селаните му плаќаат и тој им ги враќа децата. Но, според најмрачната верзија, свирачот ги мами и децата во реката и ги дави. Сите деца во селото умираат, освен едно глуво девојче.

10-te-najmrachni-bajki-04.jpg

4. Црвенкапа

Веќе ја знаете приказната за Црвенкапа. Таа оди низ мрачната шума за да стигне до куќата на баба ѝ, но по пат ја следи еден волк.

Пристапот на волкот е навистина морничав, што некои луѓе сметаат дека е карикатура на сексуалните предатори. Уште пострашно е што волкот успева да ги изеде и Црвенкапа и бабата. За среќа, еден шумар ги слуша нивните извици за помош, па му го расекува стомакот на волкот и ги спасува.

10-te-najmrachni-bajki-05.jpg

5. Златокоса

Во многу од овие бајки, темата како да е лошото родителство, а приказната на Златокоса е совршен пример за тоа.

Бајката започнува со еден млад принц, кој наоѓа кула во која се наоѓа прекрасна девојка со многу долга коса. Тие се вљубуваат, па принцот често ја посетува неговата „девојка“, сè додека не открие дека таа е чувана од злобна вештерка.

Наводно, Златокоса била одземена од нејзиното семејство, откако вештерката го видела татко ѝ како краде од нејзината градина. Тие прават договор – вештерката му дава да краде од неговата градина, но тој мора да ѝ ја даде неговата првородена ќерка.

Неколку години подоцна, Златокоса е сама и затворена во кулата. Една вечер, принцот се качува во кулата со помош на долгата коса на Златокоса и се соочува со вештерката. Вештерката го фрла принцот од кулата во грмушка со трње и тој ослепува. Златокоса е избркана, а вештерката ѝ ја сечи целата коса. Сепак, на крајот, Златокоса и принцот завршуваат заедно.

10-te-najmrachni-bajki-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
Љубовните афери кои британското кралско семејство сака да ги заборавиме Аферата на принцот Ендру со актерка од еротски филм, но и двете афери на принцез...
Хит реакција на мало девојче кое за првпат го гледа татко си без брада – „Кој е овој човек?“ Татковците и ќерките имаат посебна конекција, а реакцијата на ова девојче кое за...
10-те најстари родилки во светот (некои имаат и над 70 години) Ерамати Мангама е најстарата родилка во светот која доби дете, односно близнаци,...
Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg