Бил наменет за џентлмени, се продавал за 10 центи - Историјата на Vogue, модната „библија“

Сè започна во септември, 1892 година, во Америка, кога Артур Тарнер го основал неделникот Вог, како автентично списание за општеството, модата и церемонијалната страна на животот. 

Vogistorijata na modnata biblija 01

Артур не ни сонувал дека ќе стане креатор на историскиот моден магазин, кој со децении ќе биде моден водич за милиони жени. Вог, највлијателниот светски моден и стилски магазин, или модната библија, има историја од 128 години и повеќе од 11 милиони печатени примероци!

Првото издание излегло на 17-ти декември, по цена од 10 центи. Од самиот почеток, списанието било наменето за повисока класа, особено џентлмени. Се пишувало за нивните навики, животи, општествени собири, активности, известувајќи за тоа што носеле, јаделе, облекувале…

Кога Тарнер починал, во 1909 година, издавачот Корд Монтроус Наст, под чие име се објавува и денес, го забрзува развојот на списанието, посветувајќи им се подеднакво и на мажите и на жените, со посебен дел посветен на свадби.

Првиот успех го доживува во Велика Британија во 1916 година, потоа во Шпанија, Италија и Франција. Жените од целиот свет за прв пат имале можност да читаат моден магазин, кој во исто време се занимавал со модни, како и други важни настани во светот.

Во 1932 година, Вог ја објавува својата прва фотографија на насловната страница. Фотографијата прикажувала жена пливач со топка. До 1930 година корицата на Вог била илустрирана.

istorijata-na-vogue-02.jpg

Корд Наст е одговорен за формата и изгледот на списанието какво што е денес. До неговата смрт, во 1942 година, тој го направил Вог светски познато списание.

Во 1960-тите години, предводен од главната уредничка Дијана Вреленд, Вог почна сериозно да се занимава со глобалните случувања ширум светот, отворено зборувајќи за сексуалноста, политичките настани, познатите личности од светот на културата како Енди Ворхол, ставајќи акцент на современата мода и уметност.

Читателите ги запознаваат идните најпознати модели како Сузи Паркер, Твиги, Жан Шримптон, Лорен Хатон, Верушка.

Во 1973 година, под водството на Грејс Мирабела, списанието претрпе големи редакциски и стилски промени.

Vogistorijata na modnata biblija 03

Мирабела била избрана да го редизајнира списанието за да привлече слободна, работна жена во 70-тите години. Таа го промени списанието со додавање на текстови и интервјуа, покривајќи ги уметноста и здравјето.

Една од најуспешните жени во светот денес е уредничката на американското издание на Вог - Ана Винтур. Таа е препознатлива по нејзината боб фризура, а исто така е виновна и за носење на очила за сонце во затворен простор.

Таа се обиде да го ревитализира брендот, фокусирајќи се на нови и прифатливи модни концепти за поширока публика.

Ана Винтур се смета за една од највлијателните личности во модата, надминувајќи ги дури и модните дизајнери. Таа ги поставува и диктира модните трендови.

Vogistorijata na modnata biblija 04

Вог е списание со над 11 милиони годишни примероци ширум светот и повеќе од еден милион онлајн посети месечно.

Ова списание, исто така, ги има и своите стандарди во однос на квалитетот на печатот, хартијата, па дури и самата содржина, за што се потребни големи финансиски инвестиции. Поради оваа причина ниту една земја во нашиот регион нема сопствено издание на модната библија.

Токму Вог бил пресвртница за успехот на многу светски познати дизајнери, модели, уметници. Појавување во ова списание стана потврда за успех и признание.

Vogistorijata na modnata biblija 05

Во текот на изминатите 120 години, многу познати жени се фотографирале за Вог, како што се Анџелина Џоли, Скарлет Јохансон, Мишел Обама, Сара Џесика Паркер, Тина Феј, Адријана Лима, Жизел Бундшен, Синди Крафорд, Наоми Кембел, Клаудија Шифер…

На насловната страница имало само пет мажи - Ричард Гир со Синди Крафорд, Џорџ Клуни со Жизел Бундшен, со која се фотографирал и Леброн Џејмс, потоа Рајан Лохтe со Хоуп Соли и Серена Вилијамс.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
8 работи што некогаш беа норма, но денес ги гледаме како луксуз, низ илустрации Апаратите во домот траеја цела вечност и некои постари лица уште си ги користат ...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
Се венчале по 6 месеци врска, во брак се 60 години, таа денес оди со него на ревии – Љубовта на Ралф... Најубавата љубовна приказна во модниот свет е на Ралф Лорен и сопругата - таа му...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...

Најчитани неделава