Што претставува испитниот стрес и како ефикасно да се справите со него?

Речиси секој студент го има почувствувано огромниот стрес за време на испитна сесија. Без разлика колку сте учеле во текот на годината, подготвувањето за испитите е секогаш друга приказна.

shto-pretstavuva-ispitniot-stres-i-kako-da-se-spravite-so-nego-01.jpg

Доколку ви е позната оваа ситуација, не сте сами. Сепак, како и за секој проблем, и за овој има решение.

Што претставува испитниот стрес?

Дури и ако навистина учите редовно, кога-тогаш ќе се соочите со испит што ќе ви предизвика неверојатен стрес. Вашата иднина зависи од вашиот перформанс, а соочувањето со прашање чиј одговор не го знаете може да има лошо влијание врз вашата иднина.

Кога сте во ваква ситуација, можат да се појават неколку симптоми:

- Проблеми со јадење и пиење

- Збунетост и дезориентираност

- Губење контакт со пријателите

- Недостаток од мотивација

- Главоболки и болки во вратот

shto-pretstavuva-ispitniot-stres-i-kako-da-se-spravite-so-nego-02.jpg

Многу студенти се соочуваат и со анксиозност и несоница пред испит. Сето ова се знаци дека сте изложени на голем стрес. Ограничениот период за подготвување и оценувањето без можност за повторување е навистина стресно.

Како резултат, студените чувствуваат голем физички, ментален и емоционален притисок. А овој притисок, пак, може да има лошо влијание врз вашиот академски перформанс, дури и кога сте навистина добро подготвени.

Како да се справите со стресните испити?

Одењето на испит е неизбежно, па треба да го дадете најдоброто од себе да го помините целиот период што е можно посмирени.

Постојат неколку техники што ќе ви помогнат да го надминете стресот, да почувствувате олеснување и да го завршите испитот како што треба.

shto-pretstavuva-ispitniot-stres-i-kako-da-se-spravite-so-nego-03.jpg

Редовно правете паузи

За да го надминете стресот, одвреме-навреме треба да им дозволите на вашите ум и тело да се одморат. Учењето со часови не значи дека ќе бидете подобро подготвени.

Имено, на вашиот мозок му е потребно време да ги „впие“ научените информации, пред да биде подготвен за нешто ново. Кратките паузи ќе ви помогнат поефикасно да го совладате материјалот.

shto-pretstavuva-ispitniot-stres-i-kako-da-se-spravite-so-nego-04.jpg

Вежбајте

Редовното вежбање го поттикнува лачењето на хормоните што ни го подобруваат расположението. Доколку работите на некоја проектна и правите некакво истражување, вежбањето е одличен начин да го одморите мозокот и да ја поттикнете вашата креативност.

Покрај тоа, на овој начин ќе го зачувате вашето здравје, а истовремено ќе бидете мотивирани подоцна да продолжите со учење.

shto-pretstavuva-ispitniot-stres-i-kako-da-se-spravite-so-nego-05.jpg

Поставете си реалистични цели

Најчестата причина за испитниот стрес е поставувањето на цели кои е речиси невозможно да ги постигнете. Добро организираниот распоред ќе ви помогне да направите план за најефикасно учење во неделите пред испитот.

Кога правите план за учење, не заборавајте да вметнете доволно време за спиење, одмор, како и за забавни активности.

shto-pretstavuva-ispitniot-stres-i-kako-da-se-spravite-so-nego-06.jpg

Побарајте помош

Нема потреба да паничите за нештата што не можете да ги сфатите. Наместо тоа, разговарајте со вашиот професор или со некој колега за работите што не ви се јасни.

Побарајте некој совет или насока што ќе ви помогнат во учењето или завршувањето на задачата. Истовремено, добро е да разговарате со некого за вашите стравови со цел да се ослободите од стресот.

shto-pretstavuva-ispitniot-stres-i-kako-da-se-spravite-so-nego-07.jpg

Верувајте во себе

Доколку не верувате во себе, можете да станете вашиот најголем непријател. Студените неретко се споредуваат со другите колеги, па потоа се чувствуваат лошо бидејќи не се исто интелигентни или вредни.

Важно е да знаете дека вие сте посебни, без разлика што правите. Ценете ги вашите силни страни, но и вашите слабости. Ова ќе ви помогне полесно да се справите со секоја стресна ситуација во животот.

Сите студенти треба да се свесни дека испитот не е дестинација, туку само една точка од долгото патување. Па, сосема нормално е одвреме-навреме да наидете на некоја пречка.

Справувањето со стресот на здрав начин ќе ве научи многу за тоа кој е најдобриот пат за вас.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Изберете една тарот карта и дознајте што ве очекува во мај Сонце, свет или тркало на среќата? Тарот картата што ја избравте ќе ви открие шт...
Што открива уредувањето на домот за вашиот карактер? Домот открива многу нешта за личноста којашто живее таму. Сепак, секој од нас си...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg