Поле со лаванда е новото омилено место на Инстаграмџиите

Од Биг Бен до Стоунхенџ, Англија е дефинитивно држава со бројни дестинации совршени за фотографирање. Неодамна, и една шарена фарма за лаванда ѝ се приклучи на листата.

pole-so-lavanda-e-novoto-omileno-mesto-na-instagramdziite-001.jpg

Фармата Мејфилд е основана од Брендан Маји во доцните 90-ти, а била отворена во 2008-ма година. Лоцирана во Банстед, популарноста на фармата само се зголемувала изминативе неколку години.

Корисниците на Инстаграм се особено вљубени во местото, а тоа се забележува од илјадниците фотографии што се споделени оттаму.

Додека големиот наплив на туристи се покажа како катастрофален за многу популарни дестинации, ова изгледа не важи за фармата Мејфилд. А доколку пребарате на Инстаграм, ќе најдете над 20.000 фотографии од ова место.

Неодамна, на веб-сајтот на фармата било објавено известување со кое се замолуваат туристите да ги избегнат посетите за време на викенд, бидејќи овие денови биле најзафатени. Според Брендан, работните денови биле многу полабави, а бидејќи сега им е сезона на лавандите, луѓето сакаат да ги видат.

И покрај огромната популарност на Инстаграм, сопственикот смета дека социјалната мрежа не е единствениот „виновник“ за популарноста на ова место.

„Инстаграм е одличен начин луѓето да ги споделуваат нивните фотографии, па верувам дека ова помогна во прославувањето на мојот бизнис. Но најчесто интересот е од луѓето кои раскажуваат дека поминале убаво“, изјавил тој.

Справувањето со многу туристи не секогаш е лесно, а одвреме-навреме луѓето ги заборавале нивните правила. На пример, неретко оставале ѓубре после пикник кое требало да го собираат вработените. Многумина, пак, ја посетувале фармата надевајќи се дека ќе можат да наберат малку лаванда за себе.

Сепак, Брендан успева да ги одржи леите во одлична состојба. За да го направи ова, пикникот е забранет во полињата, а на посетителите не им е дозволено да берат од цветовите.

Фармата зафаќа површина од 10 хектари и според веб-сајтот, работи од септември до јуни. Влезницата чини околу 3 евра. На фармата се наоѓаат и кафетерија и продавница, во кои се нудат продукти со лаванда.

Какви фотки се прават токму таму?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Детали од секојдневието на Американците што секогаш ги изненадуваат странците „Луѓето немаат платен одмор. Неодамна чичко ми се пресели од САД во Англија и ре...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
„Го мразев животот во Дубаи – наместо да уживам, работев 80 часа неделно, за плата со која едвај пре... Натали од Англија се преселила во Дубаи на само 18 години, откако добила работа ...

Најчитани неделава