Идеи за веренички тетоважи за оние кои не сакаат прстени

Мало срце

Тетоважата со срце е класика и ќе ве потсетува на партнерот секогаш кога ќе ја погледнете.

Зборови

Одличен начин да ја покажете вашата љубов е да истетовирате некои зборови напишани со ракописот на партнерот. Тоа можат да бидат вашите прекари, зборовите „Те сакам“ или каква било порака.

Храна

Понекогаш патот до срцето е преку стомакот. Доколку имате заеднички омилен оброк или некој вид храна што ве потсетува на вашето заедничко минато, можете да направите тетоважа и со тоа.

Дланки

Овие тетоважи се навистина слатки. Без разлика дали ќе истетовирате дланки што се држат или две силуети што се држат за рака, ова е навистина убав начин да му покажете на светот дека сте вљубени.

Хороскопски знаци

Доколку верувате во астрологија, можете да го истетовирате хороскопскиот знак на вашиот партнер.

Подарок од партнерот

Уште еден начин да ја покажете вашата љубов е да истетовирате некој подарок од партнерот. Без разлика дали е тоа првиот подарок од него или нешто што ви подарил за годишнината, оваа тетоважа нема да остане незабележана.

Цветови

Доколку веќе сте ги одбрале цветовите за свадбата, или пак партнерот постојано ви подарува еден вид цветови, истетовирајте ги како симбол на вашата љубов.

Довикување и одговор

Доколку имате некоја заедничка шега што постојано си ја кажувате, од неа можете да направите навистина интересна тетоважа.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Безбедносни совети за жени од поранешен ФБИ агент - Има трик и со копчето од лифотот „Кога се чекирате во хотел, штитете го вашиот личен простор како на банкомат. Ре...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
„Мајка ми беше осамена вдовица и бараше љубов на интернет – стана жртва на измамници и изгуби милион... „Џенет беше скржава, си ги броеше и ситните пари, па не разбирам како воопшто ја...
11 фотографии полни со љубов, кои ќе ве разнежат Сопруг кој спие во воз, блискоста на луѓето и нивните мисленици - некои фотограф...
10 фотки кои ќе ве збунат – доказ дека начинот на кој ги гледате работите многу менува За некои фотки ќе треба да погледнете двапати, а можеби и повеќепати за да сфати...
Љубовницата му носела други жени, живее раскошно во Русија по падот на неговиот режим: Кој е поранеш... Поранешниот сириски претседател кој го споредуваа со диктатор по падот на негови...

Најчитани неделава