Идеи за веренички тетоважи за оние кои не сакаат прстени

Доколку не сакате накит веројатно се имате запрашано како можете симболично да ја претставите вашата свршувачка. 

16-odlichni-verenichki-tetovazhi-za-onie-koi-ne-sakaat-prsteni-01.jpg

Постојат многу начини да ја покажете вашата љубов кон партнерот без прстен, а заедничките тетоважи се еден од нив. Па, доколку не ви е страв од игли, погледнете ги овие одлични предлози за веренички тетоважи.

Вашите слатки прекари или името на вашето милениче

Доколку имате некој сладок прекар за вашиот партнер, малата тетоважа што ќе го прикажува е одличен начин да ја прославите вашата љубов. Доколку пак имате заедничко милениче, можете да направите заедничка тетоважа со неговото име.

Вашиот дом

Доколку живеете заедно со партнерот или пак имате некое ваше заедничко место, можете да направите тетоважа со тоа. Ова ќе биде сладок симбол за животот што го градите заедно. Ако, пак, сакате кампување, или ве запросиле на такво место, мала тетоважа од шатор би била одличен избор.

Симбол од местото каде што сте се вериле

Доколку сте се вериле на плажа, палмите би биле одличен симбол за вашата свршувачка. Размислете што најдобро го претставува местото каде што ве запросиле и истетовирајте го тој симбол.

Прстен

Тетовирањето прстен на местото каде што би стоел вереничкиот прстен е уште еден сладок начин да ја прославите љубовта. Доколку не можете да носите накит а сакате веренички прстен, ова е одлична замена.

Симбол од вашите родни краеви

Одберете нешто што го симболизира родниот крај на вашиот партнер, а тој нека го направи истото за вас. Ова е одличен начин да покажете колку многу се сакате.

Минималистичка тетоважа

Минималистичките тетоважи стануваат сè попопуларни. Дискретни се, а изгледаат неверојатно. Доколку не сте фанови на големите и впечатливи тетоважи, најдете некој минималистички дизајн што ќе ви значи.

Симбол за место што сте го посетиле

Доколку сакате засекогаш да се сеќавате на некое место што сте го посетиле со партнерот, направете заедничка тетоважа што ќе го симболизира тоа. Можеби тоа ќе биде вашиот прв пикник, местото каде што сте го споделиле првиот бакнеж, вашиот прв одмор...

Песна или поема што ја сакате двајцата

Доколку имате „ваша“ песна, сега е совршената прилика да ги истетовирате стиховите. Доколку не сакате да тетовирате зборови, секогаш можете да најдете слика или дизајн што ќе ве потсетува на песната.

Уште 8 тетоважи на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Безбедносни совети за жени од поранешен ФБИ агент - Има трик и со копчето од лифотот „Кога се чекирате во хотел, штитете го вашиот личен простор како на банкомат. Ре...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
„Мајка ми беше осамена вдовица и бараше љубов на интернет – стана жртва на измамници и изгуби милион... „Џенет беше скржава, си ги броеше и ситните пари, па не разбирам како воопшто ја...
11 фотографии полни со љубов, кои ќе ве разнежат Сопруг кој спие во воз, блискоста на луѓето и нивните мисленици - некои фотограф...
10 фотки кои ќе ве збунат – доказ дека начинот на кој ги гледате работите многу менува За некои фотки ќе треба да погледнете двапати, а можеби и повеќепати за да сфати...
Љубовницата му носела други жени, живее раскошно во Русија по падот на неговиот режим: Кој е поранеш... Поранешниот сириски претседател кој го споредуваа со диктатор по падот на негови...

Најчитани неделава