Докажано е: Буквално можеме да умреме од здодевност?

Сите барем еднаш во животот сме ја кажале познатата фраза: „Ќе умрам од здодевност“, но ова не е, всушност, можно. Или? Се чини дека здодевноста може и буквално да нé убие. Згора на тоа, ова е научно докажано.

Dokazano e bukvalno mozeme da umreme od zdodevnost 01

Иако звучи неверојатно, неодамнешните истражувања покажале дека постојат врски помеѓу многу случаи на предвремена смрт и здодевност.

Но, најголемиот ризик од „умирање од здодевност“ не е здодевноста, сама по себе, туку она што го правиме обидувајќи се да избегнеме досадување.

Луѓето на кои им е лесно досадно имаат поголема веројатност се впуштаат во ризични однесувања, во потрага по возбуда. Од невнимателен сексуален однос, па сè до екстремни спортови.

Работите со кои луѓето се обидуваат да се забавуваат статистички значајно го скратуваат нивниот животен век.

Тинејџерите се досадуваат, бидејќи се изложени на премногу стимули од сите страни, од игри до телевизија и социјални мрежи. Кога акцијата „забавува“ тие не можат да се справат со мирување. Повеќето луѓе го надминуваат овој проблем, но не секогаш.

Од типот на личноста зависи дали лицето кое бара возбуда ќе биде склоно кон ризично однесување.

Dokazano e bukvalno mozeme da umreme od zdodevnost 02

Причината зошто чувствуваме здодевност се крие во допаминските рецептори. Кога сме возбудени, се испушта невротрансмитер што предизвикува чувство на восхит, а во таквите ситуации се чувствуваме задоволно и, природно, па сакаме повеќе.

Во некои случаи, во зависност од видот на личноста, лицето може да стане буквално зависно од чувството на возбуда, бидејќи здодевноста му станува неподнослива.

Тим на научници од универзитетот во Лондон тврдат дека очекуваниот животен век е скратен ако луѓето се досадуваат.

Анализата на податоците покажала дека луѓето кои се жалат на здодевност имаат поголема веројатност да умрат млади, а оние кои имаат „високо ниво“ на здодевност, имаат дупло поголема веројатност да умрат од срцеви заболувања, во споредба со луѓето кои се задоволни со нивната состојба.

Dokazano e bukvalno mozeme da umreme od zdodevnost 03

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Детали од секојдневието на Американците што секогаш ги изненадуваат странците „Луѓето немаат платен одмор. Неодамна чичко ми се пресели од САД во Англија и ре...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...

Најчитани неделава