Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


20 работи кои треба да ги оставите зад вас во вашите 20-ти години

На некој начин, 20-тите го означуваа вашето созревање. Лекциите што ќе ги научите во овој период се навистина важни и можат да ја оформат целата ваша иднина. 20-тите можат да бидат и навистина „неуреден“ период – не знаете што сакате да правите, немате стабилна работа, губите пријатели и запознавате нови… Но сето ова е со цел да ве подготви за животот во иднина.

20-raboti-koi-treba-da-gi-ostavite-zad-vas-vo-vashite-20-ti-godini-01.jpg

Како што ќе наближувате до вашите 30-ти, ќе почнете да ги сфаќате лекциите што сте ги научиле. Но, покрај тоа, важно е да знаете и кои работи е време да ги оставите зад вас.

Барање на „возрасниот“ во просторијата

Колку и да не сакате да прифатите, вие сте веќе возрасни. Кога ќе се случи нешто, не барајте некој друг, туку самите размислете што треба да направите следно.

Верувањето дека социјалните мрежи ја прикажуваат реалноста

Секој профил на социјалните мрежи го прикажува најдоброто од нечиј живот. Тие се одлична алатка за поврзување и комуникација, но немојте да ги користите за да го споредувате вашиот живот со животот на некој друг.

Борење за луѓе кои не го прават тоа за себе

Ова е само трошење на време. Ако сакате да му помогнете на некого кој не сака да направи ништо во врска со неговиот проблем, нема да постигнете ништо.

Ќе се повторуваат истите работи и ќе останете заглавени во бескраен циклус.

Излегување често и до доцна

Кога ќе наближите до вашите 30-ти, излегувањето до доцна во работните денови само ќе ви го отежни наредниот ден.

Бесплатно нудење на вашите вештини

Без разлика каква вештина имате, доколку ја нудите бесплатно, време да направите некои промени. Сосема во ред е да направите нешто без да очекувате нешто за возврат, но не дозволувајте другите да ги искористуваат вашите вештини и добрина.

Барање изговори

Можеби во 20-тите ќе се извлечете со секој изговор, но како што созревате треба да се ослободите од таа навика. Кога треба да направите нешто, направете го веднаш.

Страв да кажете „Не“

Секогаш кога правите нешто спротивно на вашите потреби и желби, се предавате себеси. Имате право и треба да одбиете кога не сакате да правите нешто.

20-raboti-koi-treba-da-gi-ostavite-zad-vas-vo-vashite-20-ti-godini-02.jpg

Нереалистична замисла за романтичните врски

Доколку имате партнер кој ве цени, сака и поддржува, тоа е одлично. Но немојте да ја создавате вашата слика за совршената врска според романтичните филмови и приказни.

Штом ќе сфатите каква е реалноста, ќе можете да изградите посилна врска со саканите.

Претерано споделување на социјалните мрежи

Не заборавајте дека и приватноста си има своја моќ. Нема потреба да ги споделувате и најситните детали од вашиот живот на социјалните мрежи.

Барање на вашата цел

Нема никој и ништо што ќе ви каже која е вашата цел на оваа планета. Па, престанете да си создавате проблеми околу тоа и едноставно, фокусирајте се на вашите страсти.

Неуредност

Колку и да не ви пречи нередот, во еден момент од живото треба да се ослободите од него. Нередот ви ја троши енергијата, ви создава непотребни фрустрации и е знак нека не ви е грижа за вашето опкружување. Па, уште денес средете го вашиот дом.

Избегнување на лекарот или заболекарот

Секоја повозрасна личност ќе ви каже дека не треба да го запоставувате здравјето во младоста. Никој не сака да оди на заболекар, но сигурно не сакате да ги изгубите забите кога ќе наполните 50.

Зборување за вашиот голем сон

Низ 20-тите сигурно сте имале многу соништа. Завршувањето факултет, формирањето семејство и преселувањето од дома можат да имаат влијание врз вашата визија за иднината.

Но ако сè уште се држите за некој голем сон за којшто не сте направиле ништо, можеби треба да се откажете од него. Или почнете да работите за него, или оставете го зад вас.

Останување во токсични врски

Треба да ги цените вашето време и енергија. Кога интуицијата ќе ви каже дека нештата не се како што треба во врската, најдете решение или тргнете се настрана.

Без разлика дали станува збор за романтична, семејна или пријателска врска, мора да имате граници што нема да дозволите да бидат преминати.

20-raboti-koi-treba-da-gi-ostavite-zad-vas-vo-vashite-20-ti-godini-03.jpg

Преправање дека сакате нешто

Секој барем еднаш се преправал дека сака нешто за некоја друга личност. Но, ова не е во ред. На овој начин само се лажете себеси. Нема ништо погрешно во тоа да имате сопствено мислење, па немојте да се преправате за ништо.

Избегнување на чувствата

Можеби во младоста ви било лесно да ги потиснувате вашите чувства, но важно е да знаете дека кога-тогаш, ти мораат да „излезат“. Имаме емоции со причина, па немајте да ги игнорирате или да бегате од нив.

Мислењето дека заслужувате нешто

Заборавете на тоа дека „заслужувате“ да ви се случат некои работи во животот. На овој начин само ќе имате очекувања кои најчесто нема да се исполнат. Светот не ви должи ништо, без разлика колку е тешко да го прифатите тоа.

Заборавање на грижата за себе

Вие треба да бидете вашиот најдобар пријател, па однесувајте се така. Одморот е нешто неопходно, па не го заборавајте. Доколку не правите паузи, никогаш нема да го дадете најдоброто од себе.

Одбивање комплименти

Нема ништо учтиво во тоа да одбиете нечиј комплимент. Доколку некој ви даде комплимент, заблагодарете се и не кажувајте ништо друго. Нема потреба да се потценувате самите.

Синдром на натрапник

Ова чувство може да трае долго, но обидете се да се ослободиле од него. Кога ќе се почувствувате како измамник, немојте да бидете обесхрабрени. Обидете се да го претворите чувството во самодоверба.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најчести грешки во различни земји поради кои локалците веднаш ќе сфатат дека сте туристи Во Јапонија не е културно да се јаде на улица, жените во Турција на прекрстуваат...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
10 психолошки трикови што ќе ви се најдат во секојдневието „Ако го прашате вашето дете дали сака млеко, најверојатно ќе ви рече не. Но, ако...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Бон-тон правила за на маса и во ресторан што треба да ги знаат сите Ако ве поканат на гости, не останувајте долго откако ќе завршите со јадење, а ак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg