10 фотографии кои кријат цели приказни

Редица во Мекдоналдс

На оваа фотографија е прикажана економската криза во Москва во 1990-та година. На фотографијата се гледа првиот отворен Мекдоналдс кој станал вистинска сензација во Советскиот Сојуз.

Имено, за да влезат внатре, луѓето чекале и по неколку часа во редица. Во само првиот ден ресторанот имал 30.000 посетители – рекорд за сите ресторани на Мекдоналдс.

10-fotografii-shto-krijat-navistina-interesni-prikazni-07.jpg

Познатиот оскаровски пад

Веројатно се сеќавате на овој настан. На 85-тото доделување на Оскарите, актерката Џенифер Лоренс победи во категоријата најдобра актерка. Како што тргна да си ја земе статуетката, таа се сопна и падна на скалите од бината.

Подоцна изјавила дека имала проблеми со фустанот кој ѝ се закачил на нозете.

10-fotografii-shto-krijat-navistina-interesni-prikazni-08.jpg

Салвадор Дали и мачките

Салвадор Дали го сретнал американскиот фотограф Филипе Халсман во Њујорк во 1941-в година, кога и почнале да соработуваат. Тие решиле да направат фотографија според делото Leda Atomica на Дали.

Според Халсман, им биле потребни 28 обиди пред да го добијат посакуваниот резултат. Фотографијата е наречена Dali atomicus и е ран пример за стилот што Халсман го нарекол џампологија (jumpology) – фотографии направени во скок.

10-fotografii-shto-krijat-navistina-interesni-prikazni-09.jpg

Моќта на цветовите

Во 2004-та година, Киев стана центарот на Портокаловата револуција. Ова е само една од многуте фотографии направени од протестите и на неа се гледа жена која става рози на штитовите на полицајците кои биле пратени да го смират протестот.

10-fotografii-shto-krijat-navistina-interesni-prikazni-10.jpg

Млекарот и хаосот

Можеби среќниот израз на млекарот денес ни изгледа чудно, но во овој период од Втората светска војна, ова било секојдневие.

Фотографијата е направена од страна на Фред Морли и го претставува борбениот дух на Велика Британија во 1940-та година. Млекарот едноставно си ги завршува своите дневни обврски и покрај хаосот во Лондон.

10-fotografii-shto-krijat-navistina-interesni-prikazni-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
10 необични фотографии кои ќе ви измамат насмевка Куче што прави откачени фаци кога го фотографираат, авион кој наликува на насмеа...
Им паѓале заби и умирале во агонија бидејќи работеле со радиоактивна боја: Тажната приказна за „ради... Во 1920-тите, за младите девојки од Америка било премија да работат во фабрика к...
„Вечерва Нова година ќе славам во пижами и (можеби) ќе заспијам пред полноќ“ „Нема да го пропуштам дочекот на Новата година, туку намерно ќе останам дома. За...
Мајка ѝ лажела дека е смртно болна за пари од донации, починала на 7 години: Тажната судбина на Олив... Во својот краток живот, на Оливија ѝ биле направени над 20 операции и постојано ...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...

Најчитани неделава