10 фотографии кои кријат цели приказни

Сликата вреди 1.000 зборови, а секоја фотографија си има некаква приказна.

10-fotografii-shto-krijat-navistina-interesni-prikazni-01.jpg

Фотографиите во продолжение можеби на прв поглед изгледаат сосема обично, но приказните што ги раскажуваат се навистина интересни и возбудливи.

А откако ќе ги прочитате, навистина ќе ги гледате со „нови“ очи...

Тоња Хардинг и судиите

Тоња Хардинг е позната поранешна боксерка и шампион во уметничко лизгање, а целата нејзината кариера била полна со скандали. Оваа фотографија е направена за време на Зимските олимписки игри во 1994-та година.

Среде лизгањето, Тоња застанала и почнала да плаче. Моментот што го гледате на фотографијата е кога им кажува на судиите дека нејзините врвки се скинале, а оние што ги искористила како замена биле премногу кратки.

10-fotografii-shto-krijat-navistina-interesni-prikazni-02.jpg

Линдон Џонсон дава заклетва неколку часа по убиството на Кенеди

Само 2 часа и 8 минути по смртта на Кенеди, тогашниот потпретседател на САД Линдон Џонсон дал заклетва во претседателскиот авион и станал новиот претседател на САД.

Фотографијата е неверојатна бидејќи означува важен историски моменти, но и поради тоа што е полна со емоции. 

Џеклин Кенеди продолжила со нејзината функција, а на фотографијата сè уште го носи познатиот Chanel костим што е натопен со крв.

10-fotografii-shto-krijat-navistina-interesni-prikazni-03.jpg

Голфери и ерупција на вулкан

Во 2018-та година вулканот Килауеа еруптира. Фотографот Марио Тама сакал да го фотографира моментот и за тоа одбрал едно игралиште за голф. На негово големо изненадување, играчите воопшто не биле импресионирани од настанот.

Причината е што за луѓето кои живеат на Хаваи, овие настани не се ништо ново.

10-fotografii-shto-krijat-navistina-interesni-prikazni-04.jpg

Вистинската Мерлин Монро

Од весникот Redbook направиле навистина интересен проект за „вистинската Мерлин Монро“. За целта на проектот, фотографот Ед Феингерш цела недела ја следел Мерлин низ Њујорк додека таа си ја следела својата дневна рутина.

Фотографиите, вклучувајќи ја и оваа, имале за цел да прикажат вистинска личност, а не само убава русокоса.

10-fotografii-shto-krijat-navistina-interesni-prikazni-05.jpg

Абдикација за љубов

На фотографијата ги гледате Едвард Трети, поранешен крал на Велика Британија, и неговата сопруга Волис Симпсон. Едвард се вљубил во неа, но сите биле против оваа врска.

Па, Едвард требало да се откаже од Волис, да се венча против желбата на другите или да абдицира. Тој, се разбира, ја одбрал љубовта наместо тронот.

10-fotografii-shto-krijat-navistina-interesni-prikazni-06.jpg

Уште 5 фотографии на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Фотографии кои ќе ве натераат да кажете „Ах, ова е Италија“ Тераса во облик на чаша вино, па каде ако не во Италија? Ренесансни скулптури им...
9 ситници од Али Експрес кои може одлично да ви се најдат кога одите на патување Ливчиња сапун во пластично пакување, специјални гаќички кои не пропуштаат при ме...
Исчезнале, па им ги нашле коските и вознемирувачки фотографии на апаратот: Мистериозната смрт на две... Крис и Лисен од Холандија исчезнале кога отишле на популарна планинарска патека ...
Морничавите злодела на браќата Харпе, првите сериски убијци: Си ги убиле децата, ги мачеле своите со... Браќата Харпе, Микаја „Големиот“ Харп и Вајли „Малиот“ Харп, биле озлогласени се...
Исчезнати деца, заканувачки телефонски повици: Нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Крис и Лисен од Холандија во 2014-та биле на планинарење во Панама, а оттогаш им...
10 фотографии кои ќе ги излудат перфекционистите Погрешно ставена плочка среде идеален мозаик, жардињера со цвеќиња ставена настр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg