Експерт од Vogue ги споделува најважните бонтон правила, за да оставите впечаток на културен човек

Веќе 20 години, главниот фокус на Татијана Полјакова се правилата за добро однесување. Таа точно знае како треба да се однесувате на маса, за што можете да разговарате со луѓето што не ги познавате и кои теми се најстрого забранети.

ekspert-od-vogue-gi-spodeluva-najvaznite-bonton-pravila-za-da-ostavite-vpecatok-na-kulturen-covek-001.jpg

Сепак, таа смета дека некои правила можат да бидат прекршени, само важно е да знаете кога.

Во продолжение можете да ги погледнете нејзините најкорисни совети:

Како да се однесувате во ресторан?

- Немојте да го оставате телефонот или лаптопот на масата.

- Седете на 3/4 од столот, а колената држете ги споени.

- Доколку носите чанта, таа треба да стои на столот зад вашиот грб. Немојте никогаш да ја оставате чантата на подот бидејќи не е безбедно, но и можете да сопнете некој.

- Немојте да кажувате дека се обидувате да ослабите или да прашувате нешта како дали лебот е безглутенски. Темите како здравје, заедно со политика и религија, би требало да ги избегнувате.

eskpert-od-vogue-gi-spodeluva-najvazhnite-pravila-za-dobro-odnesuvanje-na-masa-02.jpg

- За време на ручек, крпата треба да стои во вашиот скут. Доколку настанот е поважен, целосно покријте ги колената со неа.

- За време на деловен ручек, можете да започнете да разговарате за работата само откако ќе порачате.

- Доколку забележите инсект во вашиот оброк или каков било проблем, немојте да правите сцена. Тивко кажете му на келнерот што е проблемот без да разберат другите.

- Многу луѓе веруваат дека не треба да остават бакшиш, но бакшишот е задолжителен.

eskpert-od-vogue-gi-spodeluva-najvazhnite-pravila-za-dobro-odnesuvanje-na-masa-03.jpg

Како да ја наредите масата?

- Во рестораните треба да има прибор од истиот сет, но во вашиот дом нема потреба од тоа.

- Добро би било да послужите чинија со леб и посебен нож за путер.

- Кога ја редите масата дома, осигурете се средниот дел од чинијата да се совпаѓа со средниот дел на виљушката или ножот. На овој начин масата ќе изгледа посредено.

- Според некои правила, чинијата треба да ја поставите на растојание од околу 2 прста од работ на масата.

eskpert-od-vogue-gi-spodeluva-najvazhnite-pravila-za-dobro-odnesuvanje-na-masa-04.jpg

Како да јадете?

- Откако ќе ги земете ножот или виљушката од масата, не враќајте ги на неа. Приборот секогаш стои на чинијата.

- Немојте да гризнувате директно од парчето леб. Скршете мало парче што можете да го ставите во устата или да го намачкате со путер.

- Доколку јадете крем-супа, ставете ја во уста со работ од лажицата. Доколку јадете супа со парчиња храна, во уста ставете ја целата лажица.

eskpert-od-vogue-gi-spodeluva-najvazhnite-pravila-za-dobro-odnesuvanje-na-masa-05.jpg

Како да разговарате со луѓе што не ги познавате добро?

- Избегнувајте фрази како „Сопругот е познат адвокат“. Доколку личноста е позната, другите веќе ќе ја знаат.

- „Нашето дете е шампион“ е лична изјава. Бидејќи не знаете низ што минуваат луѓето околу вас, немојте да споделувате вакви детали.

- Ако некој ви даде комплимент, не одговарајте со ништо друго, туку само заблагодарете се.

eskpert-od-vogue-gi-spodeluva-najvazhnite-pravila-za-dobro-odnesuvanje-na-masa-06.jpg

Како да пиете алкохол?

- Не заборавајте дека луѓето можеби ќе ви го заборават името, но нема да заборават што сте пиеле.

- Добро размислете пред да порачате. Размислете кои пијалаци одговараат со која храна.

- Пробајте неколку разни пијачки за да одредите што сакате. Во разни ресторани, истите пијалаци се приготвуваат на различен начин.

- Доколку поканите многу луѓе на вечера, најверојатно нема да ги воодушевите со вашето готвење. Поради ова, подобро е да им понудите пијалаци што обично не ги пијат.

- Важно е да ги знаете вината и имињата на разните чаши. На овој начин ќе оставите добар впечаток.

eskpert-od-vogue-gi-spodeluva-najvazhnite-pravila-za-dobro-odnesuvanje-na-masa-07.jpg

- И жена може, и би требало да отвори шише шампањ ако е домаќин на вечерата.

- Секогаш оставајте околу 10% од пијалакот во чашата. На овој начин ќе покажете дека не сте зависник, туку дека само уживате во вкусот.

- Кога пиете и наздравувате, гледајте ги другите во очи.

- Пиењето пред вечерата е знак за внимание. Па, немојте да викате дека возите или не пиете.

- Квалитетот на ресторанот може да се одреди од нивната колекција вино. Сопственикот што навистина го цени неговиот готвач нема да одбере вино што можете да го купите во која било продавница. Наместо тоа, тој ќе одбере вина што ќе го нагласат вкусот на храната.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
8 сурови вистини од кои ќе научите многу за животот Ако не се борите за тоа што го сакате, не треба да плачете за тоа што ќе го изгу...
Бон-тон правила за на маса и во ресторан што треба да ги знаат сите Ако ве поканат на гости, не останувајте долго откако ќе завршите со јадење, а ак...
Најчести грешки во различни земји поради кои локалците веднаш ќе сфатат дека сте туристи Во Јапонија не е културно да се јаде на улица, жените во Турција на прекрстуваат...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg