Сакура – приказната за вистинската љубов која ќе ве инспирира

Цветот на цреша во Јапонија се нарекува сакура. Сакура е комбинација на многу симболички значења како што се живот, смрт, храброст, тага, среќа, женственост, став кон животот…Прочитајте ја оваа прекрасна јапонска легенда за вистинската љубов.

Sakura prikaznata za vistinskata ljubov koja ke ve inspirira 01

Легендата за Сакура започнува пред стотици години, во античка Јапонија. Во тоа време феудалците се бореле во ужасни битки, во кои умреле многу борци, исполнувајќи ја целата земја со тага и пустош.

И покрај сè, постоеше една убава шума, што дури ни војната не можеше да ја допре. Шумата беше исполнета со лиснати дрвја што испуштаат нежни мириси и ги тешат измачените жители. Ниту една армија не се осмели да ја уништи оваа шума.

Во таа прекрасна шума постоеше едно дрво кое никогаш не цветаше. Иако беше полно со живот, неговите гранки никогаш немале цвеќиња. Затоа дрвото изгледаше слабо и суво, како да е мртво.

Се чинеше дека е осудено да не ужива во бојата и мирисот на цветовите. Дрвото стана  осамено. Животните не му приоѓаа од страв дека ќе го фатат неговото чудно зло, тревата не растеше од истите причини.

Една вечер се појави самовила и му рече на дрвото, со благородни зборови, дека сака да го види убаво и сјајно. Потоа му даде предлог - таа да создаде магија која ќе трае 20 години. За тоа време, дрвото ќе може да се чувствува како луѓето.

Можеби на тој начин ќе се возбуди и можеби повторно ќе цвета.

Самовилата додаде дека, благодарение на магијата, дрвото ќе може да стане растение или човечко суштество, кога и да посака. Сепак, ако не успее да ја врати својата виталност за 20 години, веднаш ќе умре.

Sakura prikaznata za vistinskata ljubov koja ke ve inspirira 02

Како што рече самовилата, дрвото виде дека може да стане човечко суштество и повторно да стане дрво кога и да посака. Се обиде да остане човек, маж, долго време, за да види дали неговите човечки чувства ќе му помогнат во неговата цел.

На почетокот гледаше само омраза и војна. Потоа повторно стана дрво.

Поминуваа месеци, како и години. Дрвото продолжуваше да се трансформира во човек, но не успеа да пронајде ништо што би го ослободило од неговата состојба.

Едно попладне замина кон чистиот поток, каде виде една убава девојка. Се викаше Сакура. Импресиониран од нејзината убавина, ѝ помогна да ја однесе водата до нејзината куќа, која беше во близина.

Кога девојката го праша како се вика, дрвото кажа „јохиро“, што значи „надеж“. Јохиро и Сакура станаа многу блиски пријатели. Деновите им поминуваа во разговори, песна, читање на книги и убави приказни.

Колку повеќе ја запознаваше Сакура, толку повеќе имаше потреба да биде со неа.

Sakura prikaznata za vistinskata ljubov koja ke ve inspirira 03

Еден ден, Јохиро повеќе не можеше да издржи и ја призна својата љубов на Сакура. Тој, исто така, ѝ призна дека е измачено дрво и дека наскоро ќе умре, бидејќи не успеа да цвета. Потоа Јохиро се врати во форма на дрво, засекогаш.

Едно попладне, кога најмалку очекуваше, Сакурa дојде кај дрвото, го прегрна и му кажа дека го сака. Потоа се појави самовилата и ѝ даде избор на Сакура: да остане човек или да се спои со Јохиро во форма на дрво.

Сакура погледна наоколу и се сети на разорените воени полиња. Потоа избра да се спои со Јохиро засекогаш. Двајцата станаа едно. Тогаш дрвото за прв пат почна да цвета.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Самоубиство, предозирање, убиство: Деца генијалци чии животи завршиле трагично Програмерскиот гениј Арон Шварц изврши самоубиство на само 26 години, додека ист...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Пар наместо дете посвоил возрасна жена со џуџест раст, која сакала да ги убие - Бизарниот случај на ... Кога маж и жена ја посвоиле Наталија Грејс во 2010-та, тие мислеле дека таа е 6-...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg